Connect with us

Македонија

Зеколи-Шаќири: Унапредувањето на локалната инфраструктура е наш врвен приоритет

Published

on

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, истакна дека унапредувањето на локалната инфраструктура останува еден од клучните приоритети на Министерството за транспорт. Во рамките на состанокот на Работниот комитет, на кој учествуваа генералниот секретар, амбасадорот на Словачка и претставници на УНДП, заменик-министерката го нагласи значењето на стратешките инфраструктурни проекти кои помагаат во регионалното поврзување и ја подобруваат пристапноста на земјата кон европските и глобалните пазари.

Таа го издвои Коридорот 8 и 10 како приоритет, заедно со бројни други клучни проекти, кои се од суштинско значење за зголемување на ефикасноста на транспортот и одржливиот развој. „Овие проекти не само што ќе го подобрат квалитетот на животот за нашите граѓани, туку и ќе ја позиционираат Северна Македонија како транспортен јазол со стратешко значење во регионот“, изјави Зеколи-Шаќири. Состанокот служеше како платформа за размена на идеи и зајакнување на меѓународните партнерства за понатамошен развој на локалната инфраструктура.

Македонија

Коњановски: Битола се подготвува за физибилити студија за гондолата на Пелистер

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со претставници на словенечката компанија „Фурлани“, која има долгогодишно искуство во изградба на гондоли во скијачките центри низ Балканот. На средбата присуствуваа и секретарот на општината Борче Димитровски, советници од Советот на општина Битола и раководителот на Одделението за економски развој, Венцо Шишкин.

Главна тема на разговор беше подготовката за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер – проект кој веќе е изгласан во Советот на општина Битола. Како што беше истакнато на средбата, општината планира до крајот на март да изработи проектна програма, по што ќе следува јавна набавка за изработка на студијата.

„Со овој чекор правиме сериозен исчекор кон реализација на гондолата на Пелистер, што ќе значи значителен развој за туризмот во Битола и поширокиот регион“, изјави Коњановски.

По склучувањето на договорот за изработка на студијата, се очекува таа да биде готова во рок од шест месеци. Студијата ќе опфати клучни аспекти како финансиската исплатливост на проектот, вкупната цена на изградбата, можните локации и трасата на гондолата.

По состанокот, делегацијата изврши теренска посета на Ски центарот Ниже Поле и скијачкиот центар Копанки, каде што се запознаа со постоечката инфраструктура и можностите за развој. Исто така, беше остварена средба со директорот на хотелот „Молика“, Горан Исков, кој ги запозна гостите со хотелските капацитети и потенцијалите за идни инвестиции.

Оваа посета на словенечките експерти е резултат на претходни контакти и соработки што битолската делегација ги оствари при посетата на општина Чаетина, ЈП „Голдгондол“ и Златибор во Србија.

Општина Битола продолжува со активностите за развој на Пелистер како туристичка атракција, а градоначалникот Коњановски нагласи дека овој проект ќе биде значаен чекор кон подобрување на туристичката понуда и економскиот развој на регионот.

Continue Reading

Македонија

МОРБИДНО: Има ли институција во Македонија која ќе се позанимава со ликов познат како Боби?

Published

on

Ликов што се одѕива на името Боби Илиевски очигледно има проблем со квантумот на бесчувствителност во својата душа, ако воопшто ја има, па почнува безочно и мизерно да напаѓа човек кој е во центарот на емотивен вулкан…

… и за кого терминот овоземски живот повеќе нема да има исто значение.

Кога целата Македонија дише со поливина гради, кога воздухот е траорен а земјата и небото се завиткани во црно за загубата на Фросина, која беше убиена од еден дијаболик…тогаш се јавува овој лик кој се поставува во улога на емотивен проценител на човек кој штотуку загубил чедо.

Дополнително ликов кој се презива Илиевски, го мери секој негов збор, гест, поглед , експресија, небаре станува збор за директен пратеник на синот Божји и истиот носи суд!

Има ли соодветна институција која ќе се позанимава со вакви ликови кои шират омраза, личен дефетизам и бескрајна малициозност ? Добиваме ли нов „Тричковски“?

Извор: Канал 5

Continue Reading

Македонија

Паѓаат началници, инспектори во МВР и газди на автосервиси – Кој местел тендери за службени возила

Published

on

policija

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови.

Според се уште неофицијалните информации во тек се претреси во зградата на Министерството, јавуваат повеќе медиуми. 

Според истите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. 

Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.

Денеска е уапсен и екс близок соработник на Заев 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк