Connect with us

Македонија

Минчев: Пензионирањето останува како и досега, а ќе се реформира државната админситрација

Последниот извештај на Европската комисија вели дека сме умерено подготвени во областа на реформи на јавната администрација и препораките во последните пет, 10 години се повторуваат. , истакна Горан Минчев, министер за јавна администрација во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Според Минчев, реформата во јавната администрација е долг и тежок процес и тој не може да се заврши преку ноќ, ниту пак во еден месец, во една година, туку трае во континуитет.

-Прво е важно да се нагласи дека со измените во законот за организација, работа на органите на државната управа се формираше ново министерство кое произлезе од Министерството за информатичко општество и администрација. Значи, нов правен субјект, тоа е Министерството за јавна администрација. Тоа е првиот показател дека оваа Влада е фокусирана и на реформи во јавната администрација и дека има силна политичка волја, многу силно, многу решително да тргне во една долга, тешка и болна реформа во јавната администрација, рече Минчев.

Како Министерство, вели тој, се повлечени три закони од собраниска процедура и тоа, како што додаде, е направено од две причини.

-Прво, затоа што постои правен субјект, а тоа е Министерството за јавна администрација и како носител на тие три клучни закони се јавува Министерството за јавна администрација.

Втората причина е посериозна и се однесува на сите укажувања во извештајот на Европската комисија, а тоа е да направиме подобри, посистемски, поквалитетни закони кои ќе имаат поголем опфат. Во рамки на таа идеја, Министерството за јавна администрација го смени и пристапот кон правење на овие закони. Ако минатата влада ги правеше овие закони во рамки на владините простории, ние овој процес го сменивме, односно комплетно го отворивме. Кога велам го отворивме, мислам на вклучување на сите заинтересирани страни кои што можат да дадат придонес, со цел да се добијат закони кои што ќе бидат квалитетни, системски, кои што ќе овозможат реформа во јавната администрација. Јас ги класифицирам овие закони како почеток на реформите во јавната администрација, нагласи Минчев.

Министерот се осврна и на препораките на Фискалниот совет за пензионирање на 67 години, посочувајќи дека е прерано да се говори за зголемување на возрасната граница за пензионирање.

-Сепак се работи за препораки на Фискалниот совет. Во него членуваат луѓе со навистина големо експертско искуство и, секако, тие препораки треба добро да се анализираат, се почитуваат нивните ставови, но, според една мини анализа, како Влада сметаме дека е прерано да се оди со зголемување на возрасната граница за пензионирање, изјави Минчев.

Кажа дека во овој момент останува законското решение кое е на сила, односно 64 години за мажите и 62 години за жените. Оцени дека за одење кон еден, така крупен чекор, е потребна малку поголема анализа.

Advertisement

Македонија

Безбеден град: ЌЕ ИМА ВОЗИЛА ЗА ЧИИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА ДА ИМА КАЗНИ

Системот „Безбеден град“ кој е во тест фаза пред да стартува на 1 јануари или еден месец подоцна, во моментов не ја дава можноста да се внесуваат броеви од регистарски таблици кои би биле изземени од генерирање на прекршочни казни. 

Секое возило кое ќе биде снимено дека ги прекршува законите и сообраќајните правила ќе добие соодветно известување за казна. Но, ова ќе се промени во иднина кога регистарските таблици на возилата со првенство на минување, како што се брза помош, пожарна и полициски возила ќе бидат внесени во системот и за нив нема да се процесираат казни. Во системот ќе има докази дека ги возилата со тие регистарски таблици ги прекршиле сообраќајните правила.

Во иднина, согласно позитивните законски прописи, односно од одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и на патиштата, возилата со првенство на минување ќе се евидентираат во системот и за истите записите нема да се бришат. Тие ќе се чуваат во лог менаџмент“, вели Маја Арсовска Манов.

Но, ова го отвора прашањето од можни злоупотреби на оваа опција. Односно, вработени кои имаат пристап до системот, по нечија наредба или самоволно, да внесуваат регистарски таблици кои не се на возила со првенство на минување, односно на политичари, на влијателни лица, но и на свои пријатели и другари. Од МВР ветуваат дека ќе има контролни механизми.

Тоа се реформите кои во моментов се на сила, на кои се работи на нив. Меѓутоа, сепак Министерот за внатрешни работи ќе одлучи кои и во каков вид ќе се врши контролата. А контрола, секако дека ќе има. “, вели Маја Арсовска Манов.

Инаку, една од најголемите реакции на социјалните мрежи околу системот „Безбеден град“ е непостоењето на сообраќајна инфраструктура, пред се таканаречен „Зелен бран“. Тоа значи семафорите да се координираат така што зеленото светло се активира последователно, создавајќи „бран“ од зелени сигнали за возилата кои се движат со препорачана брзина, често од 40 до 50 километри на час во урбани услови. Ова го намалува метежот, штеди гориво и го подобрува протокот на главните сообраќајници.

Од Град Скопје, во чија надлежност е воспоставувањето на ваквиот систем, за ТВ21 велат дека.

Во Сообраќајниот центар при улици и патишта во моментов се работи на решение за повторно воведување на таканаречениот „Зелен бран“ во Скопје, кој ќе ги опфати најфреквентните улици во главниот град. Се очекува наскоро решение“ Во Скопје оваа опција со „Зелен бран“ постоеше пред десетина години, по што престана да функционира.

Continue Reading

Македонија

Граничниот премин Евзони повторно прооден – заврши блокадата, сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) попладнево беше целосно одблокиран — од 15:00 часот движењето кон и од Грција се одвива непречено, информираат од Авто‑мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Преходно, преминот беше блокиран од утринските часови, поради штрајк на грчки земјоделци, што предизвика привремено запрени граѓански и товарни возила.

Од АМСМ велат дека иако состојбата е нормализирана, останува можност граничниот премин повторно да биде затворен ако протестите продолжат.

За оние кои патуваат кон или од Грција — Евзони сега е прооден, но се препорачува да го следат сообраќајниот претпазливост и известувањата.

Товарниот сообраќај и автобусите сѐ уште треба да проверат дали ќе има дополнителни ограничувања во одредени премини.

Continue Reading

Македонија

243 нови содржини на македонски јазик на Викимедија МКД — Википедија збогатена со значајни статии

Во рамки на редовниот камп на Викимедија МКД, волонтери создадоа 243 нови содржини на македонски јазик за глобалната енциклопедија Wikipedia – потврди организацијата.

Кампот, кој се одржа на Попова Шапка, ги вклучи волонтерите во пишување енциклопедиски статии, дискусии и едукативни предавања. Како дел од активностите, експерти и координатори – меѓу кои м-р Ненад Шундовски, Орце Нинески, Лили Арсова, како и претседателот на Викимедија МКД – м-р Николче Стојаноски и извршната директорка Снежана Штрковска – одржаа предавања насочени кон насочување на учесниците и подобрување на нивниот придонес.

Како што посочи Викимедија МКД, целта на оваа иницијатива е не само да се збогати содржината на Википедија на македонски јазик, туку и да се поттикне активното учество на млади луѓе и ентузијасти во создавање и ширење на знаење достапно за сите.

Со оваа активност, Википедија на македонски јазик добива нови вредни содржини – што дополнително ја зајакнува нејзината улога како отворен и бесплатен извор на информации на мајчин јазик за граѓаните од целата држава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг