Connect with us

Македонија

Се бара административен работник во Тетово: Плата 32.700 денари

Published

on

Соработник за меѓуопштинска соработка, Одделение за меѓуопштинска, меѓународна и НВО соработка, Сектор за координација на активностите на градоначалникот

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 243/2024за вработување на

 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Општина Тетово за следните работни места

1. УПР0101В03000 Соработник за меѓуопштинска соработка, Одделение за меѓуопштинска, меѓународна и НВО соработка, Сектор за координација на активностите на градоначалникот            (1) извршител(и)

Општи услови
  • –   да е државјанин на Република Македонија,
  • –   активно да го користи македонскиот јазик,
  • –   да е полнолетен,
  • –   да има општа здравствена способност за работното место,
  • –   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
  • – најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

   Општи работни компетенции

  • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • – учење и развој
  • – комуникација
  • – остварување резултати
  • – работење со други/тимска работа
  • – стратешка свест
  • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • – финансиско управување

   Посебни работни компетенции

  • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
  • –   Работни денови понеделник-петок
  • –   Работни часови неделно 40
  • –   Работно време од 08:00 до 16:00
  • –   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 32.700,00 Денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

За аплицирање тука: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/458897/Sorabotnik-za-megjuopshtinska-sorabotka-Oddelenie-za-megjuopshtinska-megjunarodna-i-NVO-sorabotka-Sektor-za-koordinacija-na-aktivnostite-na-gradonachalnikot/

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк