Connect with us

Македонија

Тешка сообраќајка во Тетово: Има тешко повредени

Published

on

На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(45) од Скопје, удрило во пешакот В.Ј.(82) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.  

Македонија

Вишото обвинителство Гостивар го врати обвинението против Теута Арифи на повторно разгледување

Published

on

Вишото јавно обвинителство во Гостивар го врати на повторно разгледување до Основното обвинителство во Тетово обвинението поднесено од актуелниот градоначалник Биљал Касами против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Случајот се однесува на наводно оштетување на општинскиот буџет во износ над 1 милион евра. Претходно, тетовското обвинителство заклучи дека нема доволно елементи за покренување предмет за злоупотреба на службената положба.

Continue Reading

Македонија

Важна информација за Личните карти со „Република Македонија“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека личните карти со старото уставно име ќе важат согласно важечкиот втистнат датум и истите нема потреба да се менуваат доколку имаат ефективен рок на важење.

Според Тошковски, за личните карти не важи правилото кое што важеше за возачките дозволи и пасошите. Министерот појасни и дека огромен број од возачките дозволи се веќе заменети со новото уставно име.

Continue Reading

Македонија

ДУИ: И СДСМ се албанофоби, го следат патот на ВМРО-ДПМНЕ

Published

on

Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО – ДПМНЕ – велат од политичката партија ДУИ.

Наместо да се соочи со сопствената криза и да ја преземе одговорноста за својот тежок пораз, таа бара спас со тоа што им сервира на Македонците лажен непријател – Албанците.

Но вистината е едноставна: Македонците не ја мразат ДУИ поради некаква измислена корупција – тие ја мразат затоа што ДУИ ги зајакна Албанците и ја смени старата рамнотежа на моќта .

Тие не ја гледаат ДУИ како проблем на криминалот, бидејќи токму македонските партии 30 години ја ограбуваа и уништуваа оваа земја.

Денес, Македонците се манипулирани да веруваат дека Албанците се нивна егзистенцијална закана.

Но кој ја шири оваа идеја?

Денес, македонските партии, предводени од експоненти на ‘српскиот свет’ како Стоилковиќ, го всадуваат кај Македонците стравот дека Албанците им се непријатели.

Но во реалноста, Албанците никогаш не биле и не се егзистенцијална закана за Македонците.

Вистинската закана за нив се оние што им ја негираат црквата, јазикот, идентитетот.

Тие што сакаат Северна Македонија да остане слаба, изолирана и разединета, се истите што ја внесуваат оваа психологија на страв.

Албанофобијата не е спонтано чувство на Македонците – таа е политички проект, поттикнат и финансиран од странски интереси за Северна Македонија да остане заробена во конфликт и несигурност.

И за жал, македонските партии, наместо да го водат својот народ кон заедничка и сигурна иднина, ја користат оваа нарација за краткорочни политички профити.

Но времето на овие игри истекува. Албанците нема да дозволат да бидат жртвувани за пропаднатите политики на СДСМ, ДПМНЕ или за странски агенди кои работат против Македонија.

Оваа земја нема иднина изградена врз омраза и етнички поделби.

Тие што денес сеат раздор, утре ќе останат сами во урнатините на нивната изгорена политика.

Реакцијата на ДУИ следи откако и лидерот на СДСМ во интервју за Независен рече дека јавно се дистанцира од ДУИ и дека тие се корупмирана партија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк