Connect with us

Македонија

Извршил тешки кражби, полицијата интервенирала

Published

on

Нa 09.12.2024 во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од село Баница, струмичко, поради сомнение дека на крајот на месец ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор во просториите на ОВР Радовиш, ги признал делата.

Македонија

Еден загинат и петмина повредени во две сообраќајни несреќи, додека се вршел увидот за првата, влетал друг автомобил и повредил четворица полицајци

Published

on

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи.

Имено, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот. Неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител ги презеде сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа.

Continue Reading

Македонија

Три авиони кружеа над Скопје, беа препратени кон Приштина и Софија

Published

on

Авионот од Варшава, Анталија и Меминген кружea над скопскиот аеродром и не можеa да слетаат поради лоши временски услови, односно густа магла, попладнево.

Во моментов има информација дека летот од Анталија дека е пренасочен кон Измир, летот од Меминген кон Приштина, а летот од Варшава се враќа назад.

Авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.

Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул.

Најновиот METAR извештај за аеродромот Скопје (LWSK) од 25-ти јануари во 15:50 UTC покажува дека временските услови и понатаму се неповолни за воздушниот сообраќај, со значително намалена видливост и присуство на густа магла.

Детали од извештајот:
Ветер: Променлив слаб ветер (VRB) со брзина од 1 јазол.
Видливост: Хоризонталната видливост е намалена на само 300 метри.
Видливост на пистата: Пистата 34 има видливост од 300 метри, без промени (N = No Change).
Магла: Густа магла (FG) продолжува да го доминира воздушниот простор.
Облаци: Потполна облачност (OVC) на многу ниска висина од 100 стапки.
Температура: 5°C, точка на росење 4°C, што укажува на висок степен на влажност.
Атмосферски притисок: 1022 хектопаскали, со стабилни услови.
Прогноза: Нема значителни промени во временските услови (NOSIG).

Continue Reading

Македонија

Полицајци уапсени поради оддавање на службена тајна

Published

on

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело “оддавање службена тајна”, по член 360 од КЗ. При претресот пронајдени се пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парчиња разновидна муниција, над  20.000 евра и службена документација, односно оперативни извештаи кои во себе содржат класифицирани информации, меѓу другото и за граничното работење, анализи на рутите за мигранти итн.

Од страна на ОВККИПС во координација со ОКП-СЕКК и СВР Битола поднесена е кривична пријава по член 396 ст.1 од КЗ до ОЈО – Битола пртив Б.Б. по брза постапка и од страна на надлежен судија му е изречена мерка притвор во траење од 30 денови.

Во однос на кривичното дело по член 360 од КЗ, извршен е увид во службена просторија на Регионален центар за гранични рабпти Југ лоцирана во кругот на СВР Битола, при што е одземен еден десктоп компјутер за понатамошна постапка.

По извршениот увид во службената просторија и предметниот компјутер, извршен е разговор со полицискиот службеник Љ.К., кој во службениот разговор  појаснил дека тој со неговата службена шифра во системот за контрола на патници и возила извршил проверки за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Известен е јавен обвинител  од ОЈО за ГОКК, по чии насоки полицискиот службеник Љ.К. е лишен од слобода и задржан во ПС Битола.

Исто така на 25.01.2025 од страна на полициски службеници од ОВККИПС во координација со ОКП- СЕКК и СВР Битола, по наредба издадена од Основен суд -Битола, извршен е претрес на дом кај Љ.К.. При спроведениот претрес пронајдени и одземени се два преносни уреди – усб и еден мобилен телефон.

Во координација со ОЈО-ГОКК се преземаат дополнителни мерки и активности со цел расчистување на кривично-правниот настан.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк