Connect with us

Македонија

Туркиш ерлајнс од 27 март започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Published

on

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната сезона, објави специјализираниот портал за авио сообраќај “Ексјуевиејшн”.

Летовите од аеродоромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе започнат со летниот ред на летање на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Како што наведува порталот турската авиокомпанија ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.

-Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања, истакна неодамна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Оваа линија Истанбул-Охрид е дел од линиите за кои Министертвото за транспорт ќе обезбедува финансиска подршка за период од 2025-2027 година, согласно јавниот повик што го објави оваа година.

На јавниот повик понуди доставија три авиопревозници, Флај Дубаи, Туршиш ерлајнс и Визер. Согласно критериумит, финансиската подршка е во висина од 9 евра по патник во доаѓање за патници превезени до „Меѓународен аеродром Скопје“ и 12 евра по патник во доаѓање за патници превезени до аеродромот „Св. Апостол Павле“– Охрид.

За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво.

Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.

Воспоставувањето на линијата Охрид-Истанбул значително ќе влијае врз развојот на туризмот на охридско-струшкото крајбрежје.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Американското катче – симбол на пријателство и можности за младите

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје.

Во својата порака, Сиљановска-Давкова го истакна значењето на Американското катче како центар за младите каде што тие можат да се запознаат со американската култура и вредности, да го изучуваат англискиот јазик и да ги разберат клучните принципи како волонтерството, медиумската писменост и безбедноста.

„Ова е еден од симболите на македонско-американското пријателство, показател за заемно разбирање и соработка со фокус на младите лидери како двигатели на идните промени“, изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова ја поздрави успешната приказна на Американското катче, посакувајќи ја нејзината долговечност и инспирирачко влијание врз младите генерации. „Добриот дух на пријателство и соработка нека продолжи да ги обединува оние кои веруваат во трајноста на македонско-американското партнерство“, порача таа.

Continue Reading

Македонија

Тетовец измамен за 2.500 евра

Published

on

На 23.01.2025 во 10.10 часот во СВР Тетово 26-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице, кое требало да му однесе одредена стока од РСМ до Германија за цена од 2.500 евра. Но, иако ги зело парите, не ја однело стоката, а не ги вратило ниту парите кои му биле платени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова уживаше во џез магијата на Националниот џез оркестар

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, ја проследи спектакуларната вечер на отворањето на новата концертна сезона на Националниот џез оркестар. Настанот „Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones“ потсети на генијалното музичко наследство на легендарниот творец, внесувајќи нова енергија и емоции во звуците на класичниот џез.

Сиљановска-Давкова беше дел од публиката што ја апсорбираше секоја нота на маестралните аранжмани, исполнети со динамиката на современоста и магијата на вечното. Претседателката изрази воодушевување од квалитетот на оркестарот и пејачите, истакнувајќи дека настанот беше вистинско музичко патување што ја ослободува душата.

Настанот не само што покажа врвен музички квалитет, туку ја потврди и улогата на културата како мост меѓу традицијата и модерното време.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк