Connect with us

Македонија

ХРВАТСКА Ѝ БЛОКИРАШЕ ЕДНО ПОГЛАВЈЕ НА ЦРНА ГОРА Соседско вето за надворешната, безбедносната и одбранбената политика на Подгорица

Минатиот месец Хрватска испрати нон-пејпер до Црна Гора, во кој бара решавање на неколку отворени прашања кои ги нарушуваат меѓусебните односи меѓу двете земји.

Меѓувладината конференција за пристапување, на која Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите за членство во ЕУ – право за интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика, ќе се одржи во понеделник на 16 декември.

Црна Гора беше технички подготвена да затвори четири поглавја, но Хрватска денеска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

Минатиот месец Хрватска испрати нон-пејпер до Црна Гора, во кој бара решавање на неколку отворени прашања кои ги нарушуваат меѓусебните односи меѓу двете земји.

Во тој документ, според дипломатски извори, се наведува дека двете земји треба да ги решат прашањата за сопственоста на тренинг-бродот Јадран, меѓусебната демаркација, гонењето на воените злосторства, потрагата по исчезнати лица, како и прашањето за називот на градскиот базен во Котор, кој го носи името на поранешниот ватерполист Зоран Гопчевиќ, за кого Хрватска тврди дека бил чувар во логорот Морињ.

По позитивниот Извештај за исполнување на привремените одредници, Црна Гора во јуни годинава излезе од повеќегодишниот застој и го деблокираше пристапниот процес, но потоа се влошија односите со соседна Хрватска, која е членка на ЕУ. Освен отворените прашања со Загреб од претходно, ситуацијата се влоши откако Собранието на Црна Гора на крајот на јуни ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац. Загреб ова го оцени како провокација и прогласи тројца високи црногорски функционери за непожелни лица во Хрватска.

Новата методологија на пристапните преговори, усвоена на почетокот на 2020 година, предвидува наместо поединечни поглавја, да се отворат неколку кои се поврзани во шест кластери, односно шест тематски целини, а кога се затвораат поглавјата, тоа се прави поединечно.

Унгарското претседателство силно се залага да се отвори кластерот 3 со Србија, за што, според Комисијата, земјата е технички подготвена, но сè уште нема консензус меѓу земјите-членки.

Србија денеска не беше на дневен ред на состанокот на Комитетот на постојани претставници, бидејќи 8 земји сè уште се против отворањето на тој кластер. Тоа се Бугарија, Хрватска, Финска, Шведска, Естонија, Холандија, Летонија и Литванија.

Амбасадорите постигнаа договор и за отворање кластер 6 со Албанија, во вторник на 17 декември.

Advertisement

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг