Connect with us

Македонија

Кој го сменил диспозитивот во обвинението? СЕРИОЗЕН СОМНЕЖ ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВА ВО СЛУЧАЈОТ „СКОПСКИ ПАЗАР“

Published

on

Јавниот обвинител Јован Цветановски на рочиште за главна расправа за случајот со акциите на Скопски пазар, пред Апелацискиот суд Скопје на 10 декември во записник потврдил дека некој на 17 ноември го сменил диспозитивот на обвинението. 

Веќе наредниот ден судот добива обвинение со нов диспозитив, овој пат потпишан од обвинителот. 

Во низата бројни невообичаени судски заврзлами во овој случај, за кои веќе пишувавме, се додаде уште еден. 

Кој го сменил диспозитивот без знаење на обвинителот Цветановски?

Тука се работи за класично фалсификување на официјална документација за која судот веројатно допрва ќе треба да решава. На судењето обвинителот рекол дека нема правно регуларен допис, дека таквата техничка грешка била поправена со доставување нов диспозитив по кој треба сега да се постапува.

Во пропратното писмо од Вишото јавно обвинителсто до Апелацискиот суд Скопје (КОЖ бр.1199/24 од 17.10.2024 година со приемен печат на судот, со предмет: враќање на списи, ваш КЖ 597/24) стои: 

„Во врска со закажаната главна расправа на 28.10.2024 година, оформен против обвинетите Сашо Давитковски и други, по направениот увид Ви се враќа со писмено дополнување во однос на промена на правната квалификација согласно измените на Кривичниот закон – сл.весник на РС Македонија бр.188 од 07.09.2023 година со измена на диспозитив на обвинителен акт, кој заради економичност на постапката пред одржување на главната расправа да им се достави на обвинетите и одбраната“.

Во доставениот диспозитив, на последната страница има оригинален печат на Вишото јавно обвинителство, но нема потпис. На пропратното писмо, пак, со нов диспозитив, потпишан е јавниот обвинител Јован Цветановски, со печат на Вишото јавно обвинителство.

И судии и обвинители сега го поставуваат истото прашање – кој го известил обвинителот дека нема правно регуларен допис кога во списите од предметот не постои такво известување од Апелацискиот суд Скопје?

За првиот диспозитив било утврдено дека е нецелосен и технички неисправен. 

Обвинителот Цветановски веднаш пристапил кон средување на овој хаос, па на 18 ноември доставил нов, комплетно изменет текст на диспозитив, со нови дејства на извршување, нови одредби од Законот за трговски друштва и комплетно променети околности од претходно доставениот. Овој пат со печат и потпис.

Целиот текст на Вечер.мк

Македонија

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во тв гостување неодамна, беше запрашан како се чувствувал кога го видел Сашо Мијалков со луксузно возило во Монте Карло.

„Што да ви кажам сега јас?“, рече тој, додавајќи дека се чувствувал како и секој македонски граѓанин разочарано. Погледнете тука што вели тој.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН – прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

Published

on

Последниот пост на Раде Трајковски Штекли на Инстаграм беше во Будва на 4 јануари оваа година.

Тој, пред вчера да биде уапсен, ги помина празниците на црногорското приморје. 

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.  

Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.

Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.

Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.

По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник. Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

Published

on

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, и тоа барем според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21  и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе биде претежно тивко. Но мора да напоменам дека по котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно време во периодот од 20 до 27 јануари, но во вторник и во среда ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, а на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе биде претежно тивко, а во пониските предели од котлината ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро исто така ќе бидат во пораст  и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, само во почетокот на следната седмица сеуште тие во делови од Македонија, односно особено во Беровскиот регион ќе се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над нулата и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, но како што напоменав пониски дневни температури ќе има на местата со магла и со ниска облачност. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4  и 3 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 9 степени“, објави тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк