Connect with us

Македонија

Епски криминал во РЕК Битола, вели Коњановски, наместо стотици милиони да се вложуваат во рудниците и термо блоковите се вложувале во поединечни џебови

Published

on

Во текот на денешната панел-дискусија на која се дебатираше темата поврзана со РЕК Битола или поконкретно извршените криминали во истата како и нивните последици, свој осврт даде и директорот на ЕСМ Зоран Коњановски.

Според Коњановски ова е многу значајна тема пред сè за Комбинатот РЕК Битола, а потоа и за енергетскиот сектор воопшто и за социоекономските случувања во државата.

-Безмилосно се однесувале кон РЕК Битола, кон енергетскиот сектор и тоа придонесе до една многу, многу лоша ситуација која за жал секојдневно ја чувствуваме и ја гледаме. Она што било пропуштено да се направи во претходните пет, шест, седум години, она што било уништено во претходните пет, шест, седум години во однос на лукративните тендери, во однос на дивеењето на раководството на РЕК Битола заедно со одредени надворешни компании, придонесува денес да имаме нестабилен енергетски систем, јасно посочува Коњановски.

Во контекст на последниот скандал поврзан со компанија „Браинкоде“, при што истата од компанија која се занимавала со трговија на канцелариски материјали станува практично фирма за увоз на хемиски производи на големо и добила три тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија во вредност од 6,5 милиони евра и тоа на двата од нив се јавува како единствен понудувач, Коњановски вели дека за жал ова не е единствена фирма која наменски е формирана само неколку месеци пред објавување на некоја тендерска постапка.

-Ваков адитив не е донесен само во РЕК Битола, туку е донесен и во РЕК Осломеј, а таму воопшто не е искористен и ова е една класична мафијашка постапка, како заради некои причини кои можеби и свесно се направени во комбинатот се добила идеја да се набави ваков адитив. Втор дел од оваа приказна е што само една фирма се одважила да се јави на тендерот, тоа е јавна тајна дека не е така, туку се правеле притисоци врз останатите фирми или да се откажат или се одело на електронска аукција каде што повторно со притисоци се обесхрабрувале другите фирми да ги намалуваат цените, појаснува Коњановски.

Според него ова е еден епски криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем и истиот за жал бил помогнат од раководството на СДС, па наместо стотици милиони да се вложуваат во рудниците и термо-блоковите се вложувале во поединечни џебови.

Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк