Ако порано пратките од Али експрес (шопинг платформата за малопродажба со седиште во Кина), од нарачка до достава се чекаа со месеци, сега она што ќе се порача преку оваа платформа, брзо и безбедно стигнува до врата кај македонските купувачи.
Ова се случи откако доставата за пратките на Али експрес во јуни годинава ја презеде најголемата приватна пошта во Македонија која ги поседува сите домашни и интернационални лиценци, Еко логистик сервис (ЕЛС), која има полни раце работа, со оглед на тоа што македонските граѓани редовно ја користат платформата Али експрес како начин за купување најразлични производи по пристапни цени.
За да ги задоволи потребите на зголемениот број достави, ЕЛС ги зголеми и капацитетите, па во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи. Достава се врши и во попладневните часови.
„Доставата од Али експрес ја вршиме буквално во секој град и во секое село во Македонија, без исклучок. Процесот тече континуирано, брзо и без проблеми. Но, она што е најважно е сигурноста, која е на исклучително високо ниво. Ние сме единствената приватна пошта кај која процесот на достава се одвива преку добивање безбедносен код, кој на купувачот му стигнува на телефонскиот број во моментот кога пратката ќе биде во негови раце, со цел да се избегнат какви било манипулации“, велат од ЕЛС.
За ова, компанијата неодамна доби признание за успешна достава од Али експрес во кое се наведува: „Според мерењата што ги правиме на дневна основа, од јуни до ноември, Вашата компанија Еко логистик сервис е пошта со најбрза и најдоверлива достава на пратки со код, со тоа што партнерите се чувствуваат сигурно во процесот на достава, без можност за манипулации“.
Од ЕЛС апелираат граѓаните при нарачувањето од Али експрес да ги оставаат нивните точни адреси и телефонски броеви, со цел доставувачите да можат да ги контактираат. Доколку кој било граѓанин се соочува со доцнење на пратката, може да се обрати на телефонските броеви 15 990 или 13 990 или пак да пише на електронската адреса customercare@els.mk.
Секоја пратка може да се следи на веб страницата на ЕЛС, во делот „следење на пратка со сериски број“, каде јасно е наведено кога пратката е влезена во земјава, а кога е во рацете на курирот.
Од ЕЛС велат дека интересот кај граѓаните за нарачките од кинеската онлајн шопинг платформа е огромен и дека тие најчесто нарачуваат накит, опрема за домот, спортска облека, маски за телефони, техничка опрема, реквизити за вежбање, опрема за домашни миленици…
Од најголемата приватна пошта во Македонија, ЕЛС, за следниот период најавуваат и други новини со кои граѓаните ќе имаат можност да купат производи од странство по пристапни цени.
На 16.01.2025 година во 15.00 часот на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.
-Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи потврди дека Раде Трајковски Штекли е уапсен.
-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода, велат од МВР за Курир.
Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, при обид за бегство.
Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.
Оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.
Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.
Како што дознава 24инфо, во моментов на територијата на Аеродром на повеќе локации специјалци спроведуваат акција во која се апсат членови од групата на Раде Трајковски, попознат како Штекли.
Инаку, попладнево во близина на хотел во Гевгелија, Штекли е уапсен, поради сомничење за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Штекли на јавноста и е познат по пресметките со нарко картелите.