Connect with us

Македонија

Јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид (2025-2027)

Published

on

Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година

Во рамките на тригодишната програма 2025-2027 година за овој (втор) јавен повик предвидени се средства во висина од 207 милиони денари

Отворениот повик е објавeн на веб страницата на Министерството за транспорт како и во службениот весник на ЕУ за објавување на јaвни огласи (TED).

За дополнителни информации заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт преку е-пошта: mtcfinancial.support@mtc.gov.mk

Во прилог линк до јавниот повик:

https://mtc.gov.mk/vesti/Otvoren-Javen-Povik–za-dostavuvanje-na-baranje-za-dodeluvanje-na-finansiska-poddrshka-za-voveduvanje-na-nova-novi-destinatsija-i-od-aerodromite-vo-Republika-Severna-Makedonija

Македонија

ДУИ СЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА не сакаат да се интонира на значајни настани и датуми во средно

Published

on

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на Предлог-законот за измени во средното образование, кој според нив, наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.

Според ДУИ овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Македонија.

„Уште посрамно е однесувањето на коалицијата ВРЕДИ. Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон. Помеѓу стравот од гневот на народот кој толку многу го понижија и стравот од нивните падрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани. ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон“, велат од партијата.

Со предложениот закон за средното образование, се предвидува интонирање на македонската химна на значајни настани и датуми. Инаку во предложениот закон средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано, овозможувајќи образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: 85 милиони долари за праведна транзиција, планот проценет на 3 милијарди евра

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави дека за проектите од праведната транзиција се достапни 85 милиони долари, додека вкупните инвестиции се проценуваат на 3 милијарди евра.

На состанокот на Советот за праведна транзиција беа разгледани и усвоени клучни точки од реформската агенда и планот за праведна транзиција до 2025 година. Божиновска истакна дека овие средства ќе бидат насочени кон проекти кои ќе овозможат намалување на зависноста од фосилни горива, развој на обновливи извори на енергија и отворање на нови зелени работни места.

„Ова е историска можност за нашата земја да направи значаен чекор кон одржлив економски раст и заштита на животната средина. Планот за праведна транзиција не е само енергетска стратегија, туку и социјален и економски импулс што ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните,“ изјави Божиновска.

Планот за праведна транзиција вклучува финансирање на проекти за декарбонизација, развој на инфраструктура за обновливи извори на енергија, како и поддршка за заедниците кои најмногу ќе бидат погодени од транзицијата.

Министерката нагласи дека Владата ќе работи заедно со меѓународните партнери за осигурување на дополнителни средства, со цел планот да биде успешно имплементиран и да обезбеди економска стабилност и енергетска независност.

Советот за праведна транзиција ќе продолжи со редовни состаноци, при што ќе се следи напредокот на планираните активности и проектите.

Continue Reading

Македонија

Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово, вели Кекеновски

Published

on

Почесниот конзул кој што го префрлил Артан Груби на Косово, без разлика да свесно или несвесно за постапката што ја презал мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој овозможил бегство на поранешен функционер осомничен за криминал и корупција, смета уневерзитетскиот професор Јове Кекеновски.

-Без разлика дали бизнисменот почесен конзул знаел ли не знаел дека на Груби му е забранет излез од државата, без разлика дали бил свесен или несвесен за постапката која ја превзел тој мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој помогнал односно овозможил бегство на бивш функционер за кого во тој момент надлежниот суд одлучувал за одредување мерка притвор и траела полициската акција, пишува во објава на социјалната мрежа на Фејсбук Кекеновски.

Кекеновски понатаму појаснува дека Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул и судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот.

-Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул. За оваа постапка судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот
Согласно члено 68 од Конвенцијата и факултативниот карактер на институцијта почесни конзуларни функционери, државата домаќин самостојно одлучува дали ќе дозволи и понатаму на нејзина територија да дејствуваат вакви почесни конзули, појаснува во својата објава Кекеноски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк