Connect with us

Македонија

„НАСКОРО ЈАВНОСТА ЌЕ БИДЕ ЗГРОЗЕНА ОД ТОА КАКО БИЛЕ ПОДМЕТНУВАНИ ДОКАЗИ И СВЕДОЧЕЊА ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ„: Еве што вели Дафина

Published

on

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во поткастот кај Кристијан Ландов, открива дека многу брзо ќе бидеме згрозени кога ќе се откријат вистини за тоа како биле подметнувани лажни докази и лажни сведочења за осудените за 27 април.

https://www.instagram.com/reel/DDg_PptOs2U/?igsh=NXF3eTZrb2c3a2h6

Македонија

Maчни детали за пронајдените тела на судењето за Ѓорчевска и Жежовски, се изведуваат докази

Published

on

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.

Обвинителката Жаклина Трајковска предочи дека Панче Жежовски бил пронајден во дупка длабока три метри со дијаметар од 1,67 метри. Во близина на дупката обвиткана со земја и трња бил пронајден мобилниот телефон на Жежовски, како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм.

Неговото возило кога било пронајдено било целосно опожарено, но се забележувале регистарските ознаки.

На, ова се надоврза бранителот на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшевски кој бараше доказите да се изведуваат, а не само да се читаат.

Вања, пак, имала дупка во главата од проектил од боева мунција. Обвинителството ова го доставило како доказ до судот.

-Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето и ова е дел од доказите, се надоврза судијата Ивица Стефановски.

Continue Reading

Македонија

Хакерски напад во Тетово: Украдени 200.000 денари

Published

on

На 18.12.2024 во 15.05 часот во СВР Тетово, 42 – годишник од Тетово пријавил дека на 06.12.2024 неовластено било влезено на неговиот профил и на неговиот мобилен телефон добил известување дека се одјавил од неговата корисничка сметка и додека се обидувал повторно да се најави му пристигналодруго известување од мобилната апликација, која служи за менаџирање на е-паричник за криптовалути, дека успешно бил реализиран трансакциски одлив на средства од З.737 американски долари или околу 219.135 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Обид за измама во Тетово: Жена намамена со “донација” за болен брат

Published

on

На 18.12.2024 во 15.00 часот СВР Тетово, 28 – годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ја контактирало на социјална мрежа и с епонудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работеноднос. Како што е пријавено, набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Исто така, според пријавеното, кога отишле во банка им кажале дека парите кои им билепуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш било реагирано ипарите биле вратени на испраќачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк