Connect with us

Македонија

Вечер дознава: ПРПАРИМ БАЈРАМИ Е ВО БЕГСТВО! Груби е во Косово а дали и Ковачевски е вклучен во криминалот во Лотарија?

Published

on

По скандалите со Лотарија, црната листа на САД и најавите за истраги и апсења, Вечер.мк дознава дека во бегство е Прпарим Бајрами екс директорот на Лотарија. Според информациите пронајдени се над 40.000 франци во домот на Бајрами. 

Според информациите на Вечер.мк полицијата е во потрага по Бајрами, а во сомнежите за криминал се споменува и екс премиерот Димитар Ковачевски. 

Вчера беше објавено дека во бегство е и екс вицепремиерот Артан Груби, кој потоа демантираше, но нема информации дека се вратил во земјава

Преку објава на Фејсбук, поранешниот функционер на ДУИ бара од јавноста да не се изнесуваат шпекулации.

„Патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.

Вчера имаше објави дека Груби ја напуштил државата и заминал на Косово.

Македонија

ФОТО+ВИДЕО: Еве што пронајде полицијата кај Раде Трајковски – ШТЕКЛИ

Published

on

На 18/19.01.2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќе месечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14 (четиринаесет члена) организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Криминалната група подолг временски период беше инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

Криминалната група подолг временски период беше инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

При реализацијата, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локации на подрачјето на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број разни предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење.

Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со непозната прашкаста материја за што исто така ќе се вршат дополнителни вештачења за видот и количината на истата. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против четиринаесет лица до надлежното Јавно Обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.

Имајќи во предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот Јавен Обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.

Видео https://kurir.mk/vesti/hronika/foto-video-eve-shto-pronajde-policijata-kaj-rade-trajkovski-shtekli/o

Continue Reading

Македонија

Мицкоски на средба со Крис Павловски

Published

on

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп.

Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари. Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

МОН врши сериозен мониторинг на работата на факултетите околу издавање на лажни дипломи

Published

on

„Станува збор за една многу сериозна ситуација кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед јавни или приватни, се купуваат дипломи, односно студентите не го стекнуваат квалитетот на знаење кое треба да го стекнат. Кога ќе се појават неколку пати или воопшто нема да се појават, се стекнуваат со диплома. Меѓутоа, кога се обидувате да добиете релевантни информации, се разбира дека ниту тој што продал, ниту тој што купил ќе застане тоа јавно да го каже. Но, докази за неквалитетот на одредени дипломи гледаме секојдневно на луѓето кои се вклучени во различни работни процеси. Во администрацијата, зошто нив ги нема во приватниот сектор, секако, или на некој други работни позиции“ , изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „ Подобрување на образованието“.

Таа објасни дека Министерството за образование и наука врши сериозен мониторинг на работата на факултетите, се со цел да запре процесот на издавање на дипломи несразмерно на реалната вредност и создавање на лажен идентитет. Истакна дека преку алатките кои ги имаат на располагање постапуваат секаде каде имаат пријава за нерегуларност во работа.

„Докажувањето на ова е малку тешко и прилично сериозна и макотрпна работа. Меѓутоа, има и други можности преку кои би се обиделе, а потоа во следен чекор и со сигурност би го запреле овој процес. Тоа значи сериозно мониторирање на работата на факултетите или универзитетите. Тоа значи дека во моментот го користиме Државниот просветен инспекторат и законските можности во Законот за државен просветен инспекторат, Законот за високо образование и Агенцијата за квалитет во високото образование. Правиме силни напори секаде каде имаме пријава дека се случува нешто нерегуларно, да постапиме, и постапуваме. Државниот просветен инспекторат во изминативе шест месеци постапил во 1400 предмети што е огромна бројка“ , објасни Јаневска.

Таа дополнително образложи дека е потребен одреден временски период за целосно да се извршат реформи во образованието. Нагласи дека во иднина ќе се настапува уште поригорозно, со крајна цел да не се дозволува во иднина оние кои реално вложуваат енергија во образование и се градат интелектуално да ја напуштаат државата.

„Во образованието ништо не може да се направи од денес за утре. Треба уште малку време да го заокружиме целиот овој процес, за да можеме после тоа и поригорозно да постапуваме, доколку дозволиме вакво нешто да се продолжи во иднина, ние ќе имаме се помалку образовани кадри во државата, а оние коишто ќе бидат подобро образовани ќе ја напуштаат државата“, децидна е Јаневска.

Го произнесе својот став по однос на законските измени во образованието, односно колку се очекува подобрувањето на образованието во целост. Објасни дека Законот е променлива материја, додавајќи дека ако нешто е добро може да се регулира. Дополнително испрати јасна порака дека се потребни суштински промени за подобрување на образованието.

Јаневска даде одговор на прашањето дали е можно УКИМ да се врати во првите 1000 универзитети на Шангајска листа. Таа е децидна дека не постои причина зошто да не е можно и дека со трпение и труд на наставен кадар како и поставување на заеднички цели во високото образование може да се постигнат резултати.

„Јас сум непоправлив оптимист и по природа амбициозен човек. Со заеднички цели секако ќе можеме, нема причина зошто не би можеле.Интелектуалци, истражувачи, научници во цел свет се исти луѓе. Тие не се разликуваат по нешто, освен по условите во кои работат и можностите што државата им ги нуди, вклучувајќи ги и законските решенија“ , заклучи Јаневска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк