Connect with us

Македонија

Тетовската полиција уапси долго барана криминалка

Published

on

На 16.12.2024 во 11.30 часот на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.М.(27) од с.Мала Речица, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Македонија

Полицијата почна да ги чисти соспствените редови

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.

Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Continue Reading

Македонија

Македонската дипломатија и лобирање, ГО ЗАГРИЖИ БОРИСОВ? „Дознав дека се одвиваат ПРОЦЕСИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Досега преговорите се одвиваат добро. И колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме, изјавил лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за нова бугарска влада. Вчера неговите луѓе од ГЕРБ се сретнале и со претставници на партијата БСП.

-Јас сум оптимист затоа што она што го гледам во меѓународниот план едноставно не обврзува како народ, како држава, како народ, да издадеме редовна влада, кажал Борисов.

На прашањето кога ќе биде средбата со претставници на ИТН, лидерот на ГЕРБ одговорил:

-Вчера имав долг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, добар пријател. Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Македонија и се изгуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Значи ние сме должни да формираме влада и да застанеме многу цврсто на нашите позиции, кажал поранешниот бугарски премиер во изјава за бугарските медиуми.

Македонската влада смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада и да се лобира за евентурално ново решение. Челници на владеачката ВМРО-ДПМНЕ неколку пати претходно изјавуваа дека планот за одложени уставни измени звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

Претходната влада на СДСМ и ДУИ ја договори и ја објави Преговарачката рамка со ЕУ во јули 2022 година, со која е предвидена актуелната обврска на земјава. Со предложените уставни измени на Преамбулата и на Амандманот 36 се предлага после бошњачкиот народ, да се додадат бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Continue Reading

Македонија

Тој веќе не е дел од ДУИ: Беџети го повика Груби да се врати и да се соочи со правдата

Published

on

Организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети јавно го повика Артан Груби да се врати во земјата и да се пријави пред органите на правдата. Тој во гостувањето на ТВ21 рече дека Груби веќе не е дел од ДУИ и дека се повлекол од партијата, пред партиските органи да донесат таква одлука.

„Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држана лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба да се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други – изјави Беџети.

Тој рече дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.

Во врска со бегството на Груби од Македонија, Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк