Connect with us

Македонија

Видео од синоќешната акција на МВР

Published

on

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да биде упориште на криминални групи.

Истакнува дека никој не е и нема да биде поштеден, а државата ќе биде вратена во рацете на граѓаните.

-Криминалот во Македонија не е исплатлив, спокојот на граѓаните е наша одговорност. Сузбиена е осумнаесетчлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје. Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес. Пораката е јасна. Нашата борба против криминалот е постојана и одлучна. Работиме максимално посветено на обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата, објави Јанев.

Директорот посочува дека секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата.

https://www.facebook.com/share/v/1DEVRs5BQf/?mibextid=wwXIfr

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Водици во Охрид: „Да ги отвориме срцата за вербата и духовната чистота“

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид. На овој возвишен ден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ги освети водите на Охридското Езеро и го положи светиот крст во нив.

Во присуство на стотици верници, кои со вера и надеж се собраа да го одбележат симболот на крштевањето на Исус Христос, најсреќен беше Мартин Гоџо, кој го фати осветениот крст. Претседателката го награди со рачно изработена резба, посакувајќи му добро здравје, среќа и духовна исполнетост.

„Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление,“ порача Сиљановска-Давкова во своето обраќање.

Continue Reading

Македонија

Борче Стефановски го фати осветениот крст на Водици во Тетово

Published

on

На годинешното празнување на Богојавление Водици, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, 32-годишниот Борче Стефановски го фати осветениот крст. Во свечената церемонија присуствуваа голем број верници, кои со молитва и радост го одбележаа овој голем христијански празник. Борче изјави дека му претставува огромна чест и благослов што токму тој го фатил крстот оваа година.

Continue Reading

Македонија

Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025

Published

on

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.

Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025.

Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани.

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк