Connect with us

Македонија

ДУИ СЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА не сакаат да се интонира на значајни настани и датуми во средно

Published

on

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на Предлог-законот за измени во средното образование, кој според нив, наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.

Според ДУИ овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Македонија.

„Уште посрамно е однесувањето на коалицијата ВРЕДИ. Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон. Помеѓу стравот од гневот на народот кој толку многу го понижија и стравот од нивните падрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани. ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон“, велат од партијата.

Со предложениот закон за средното образование, се предвидува интонирање на македонската химна на значајни настани и датуми. Инаку во предложениот закон средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано, овозможувајќи образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование.

Македонија

Малолетничка од Тетово нападна социјална работничка за време на транспорт

Published

on

На 17.12.2024 во 20.10 часот во Полициското одделение Групчин било пријавено дека малолетна штитеничка на Центарот за социјални работи Тетово, која имала здравствени проблеми и која со службено возило на центарот била транспортирана до здравствена установа во Скопје, физички нападнала вработена во центарот, која ја спречила да побегне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Тетовчанец приведен по закани кон сопствената мајка!

Published

on

На 17.12.2024 во 15.35 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.12.2024 околу 17.00 часот ѝ се заканувал и ја вознемирувал неговата 51-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Драма во Тетово: Работник на пајак-служба нападнат од две лица!

Published

on

На 17.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, С.Ј.(23) од Тетово пријавил дека околу 17.00 часот на работното место во пајак возило на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк