Connect with us

Македонија

Измамен за 34.000 евра при купување земјиште во Тетовско: Продавачот исчезнал со парите!

Published

on

На 19.12.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, 56 – годишник од тетовско село пријавил дека во текот на 2021 година бил измамен од Х.С. при купување на недвижен имот на место викано Шипковичко Теќе, сопственост на Ш.И.(79) од с.Шипковица, тетовско. Според пријавеното, тие усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство. Како што е пријавено, после еден месец телефонски бил известен дека се е средено и платено, а откако се вратил во државата Х.С. не му дал никакви документи со образложение дека се било платено на рака. Исто така, според пријавеното, во агенција за катастар на недвижности забележал дека бил измамен, односно во имотен лист забележал дека купопродажниот договор бил склучен на 20.09.2021 меѓу сопственикот на земјиштето и Х.С. за износ од 3.000 евра. После тоа, според пријавата, тие на нотар се договориле Х.С. да му ги врати парите и да му подари дел од парцелата што сега му припаѓа нему, но тој ниту му ги вратил парите, ниту му го префрлил неговиот дел од парцелата.

Македонија

Меџити: Артан ако не денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading

Македонија

Продолжуваат работите на Коридорот 8 – се градат мостови кај делницата Гостивар – Букојчани

Published

on

Продолжуваат работите на Коридорот 8 – се градат мостови кај делницата Гостивар – Букојчани

Машинеријата на компанијата Бехтел и Енка која ги изведува градежните работи на коридорот 8 и 10Д во моментов работат на седмиот километар од Гостивар.

Надзорникот на теренските работи Џозеф Чува вели дека во моментов се градат два моста, еден на петтиот и на седмиот километар. За кратко време се очекува да почне да се работи и на мостот на осмиот километар.

„Сега сме во вториот дел. Проектот има четири секции, но првиот и вториот дел се поврзани, четвртата секција, знаете е во друг дел. Она што сега е направено е развој на работите за долгиот мост што го гледате зад мене. Во рамки на активностите правиме ископи кои ќе се користат за поплочување и подигање на делови кои се ниски или градење мостови. Работиме и на заштитата, затоа што гледате дека тука сечеме некои планини, и градиме мостови, затоа е потребна заштита“, вели Јозеф Чува.

Од Бехтел и Енка велат дека внимаваат и на селата кои се околу околината каде што се гради, поконкретно жителите се информираат за работите.

„Исто така, освен градењето, се трудиме да бидеме добри соседи за да имаме интеграција со локалните жители, бидејќи имаме села во близина како што гледате зад мене. Ова е многу важно затоа што да сум на ваше место, би помислил колку се среќни што се гради во близина на нивните домови и колку сакаат што побрзо да се заврши. Значи многу важен дел е комуникацијата со жителите, таму имаме посебен оддел кој се грижи овие односи да бидат што поквалитетни“, вели Јозеф Чува.

Коридорот 8 е долг 110 километри. Тој е поделен на четири делници и тоа првата делница Тетово-Гостивар, втората делница Гостивар-Букојчани, третата е делот Прилеп-Битола и четвртата делница Струга-Ќафасан. Според договорот вреден 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка мора да ги заврши коридорите во рок од 4 години и 7 месеци.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити за Артан Груби: Со самото бегство ја докажа својата вина!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк