Connect with us

Македонија

КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ што го пуштил Груби

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353-в од Кривичниот законик.

На 15.12.2024 во 09.06 часот, извршувајќи работни задачи на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Долно Блаце, во кабина на излез од државата, со пропуштање на должен надзор, пријавениот дозволил излез на патничко возило џип „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки, управувано од А.П. од Скопје, а сопатник бил А.Г. од Скопје, за кого постоела активна мерка „задржи и веднаш извести“, согласно распишана телеграма од Одделот за криминалистичка полиција при МВР.

Со ваквото дејствие, полицискиот службеник Б.Ј. му овозможил на А.Г. да оствари излез од државата и покрај внесената мерка „задржи и веднаш извести“, а исто така, со дејствието нанел штета на угледот на МВР.

Имено, полицискиот службеник Б.Ј. не извршил адекватни проверки за возилото „мерцедес“ при премин на државната граница, не го евидентирал за остварување на излез и патниците од возилото ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник да биде суспендиран од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија

Претепан малолетник – го тепале до тврди предмети

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Н.(32) и Е.Н.(38), двајцата од с.Горјане, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 18.11.2024 на место викано „Поточан“, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 17-годишник, при што употребиле и тврди предмети.

Continue Reading

Македонија

Три лица се тепале среде бел ден во продавница во Кисела Вода

Published

on

Вчера интервентната полиција во 15:15 часот во Кисела Вода приведе три лица М.П.(40), Ф.П.(37) и П.Ф.(20) сите од Скопје затоа што 15 минути претходно меѓусебно се тепале во продавница поради претходно меѓусебно недоразбирање. Едниот од нив според полицијата употребил и тврди предмети.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Артан ако не денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк