Connect with us

Македонија

ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА СЕ ВООДУШЕВИЛ ОД ГОВОРОТ НА МИЦКОСКИ „Вака треба да ги градиме односите помеѓу двете земји“

Published

on

По завршувањето на работната сесија, на излегување, бугарскиот технички премиер Димитар Главчев ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор и дека на тој начин треба да се градат односите помеѓу двете држави. Јас на тоа одговорив дека е време во блиска иднина да ја кренат рампата и конечно да почнеме да преговареаме. Но, на тоа добив одговор: „Во нашиот Парламент сите се против вас“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, се воодушевил од говорот што го одржал македонскиот премиер Христијан Мицкоски на работната вечера во Брисел.

По завршувањето на сесијата, тој самиот му пришол на колегата од Скопје и му честитал за одличниот настап.

– Имам навистина добро мислење за техничкиот премиер на нашиот источен сосед, Димитар Главчев. Честопати разговараме. Многупати е активен на тие работни сесии, но овојпат морам да признаам дека тој не беше активен и воопшто не зеде збор. Едноставно, по завршувањето на работната сесија, на излегување, ме поздрави и ми кажа дека сум имал одличен настап, одличен говор и дека на тој начин треба да се градат односите помеѓу двете држави. Јас на тоа одговорив дека е време во блиска иднина да ја кренат рампата и конечно да почнеме да преговараме. Но, на тоа добив одговор: „Во нашиот Парламент сите се против вас“. Само овие неколку реченици ги разменивме со господинот Главчев, за кој, пак ќе кажам, имам високо мислење и насекаде каде што се сретнуваме имавме пријатни разговори – изјави Мицкоски.

Ние како држава, додава тој, не сме како останатите држави-кандидати за членки на ЕУ.

– Ние повеќе од 2 децении сме дел од овој процес, скоро 2 децении сме кандидати, и никој досега немал билатерални договори во својата преговарачка рамка, никој досега не променил знаме, име, банкноти и т.н. Сето ова создава фрустрација кај граѓаните во Македонија. И ние сме како сите што станаа членки. Имаше еден говорник од моќна држава којшто многу јасно кажа на работната вечера: „не е ова процес на поглавја и на кластери. Да тоа е, формално, ама да бидеме реални, ако немаше политичка храброст, тогаш немаше ни да има толкаво проширување на Унијата во 2004 година“. Кога зборувате за идентитетски прашања, тогаш се случува емоција. А кога ќе ви се случи емоција, тогаш многу тешко се доаѓа до решение. Затоа јас реков да ја оставиме емоцијата настрана и да зборуваме за билатерални соработки каде што ќе имаме реални и опипливи резултати – рече Мицкоски.

Извор: Плусинфо.мк

Македонија

Меџити: Артан ако не денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading

Македонија

Продолжуваат работите на Коридорот 8 – се градат мостови кај делницата Гостивар – Букојчани

Published

on

Продолжуваат работите на Коридорот 8 – се градат мостови кај делницата Гостивар – Букојчани

Машинеријата на компанијата Бехтел и Енка која ги изведува градежните работи на коридорот 8 и 10Д во моментов работат на седмиот километар од Гостивар.

Надзорникот на теренските работи Џозеф Чува вели дека во моментов се градат два моста, еден на петтиот и на седмиот километар. За кратко време се очекува да почне да се работи и на мостот на осмиот километар.

„Сега сме во вториот дел. Проектот има четири секции, но првиот и вториот дел се поврзани, четвртата секција, знаете е во друг дел. Она што сега е направено е развој на работите за долгиот мост што го гледате зад мене. Во рамки на активностите правиме ископи кои ќе се користат за поплочување и подигање на делови кои се ниски или градење мостови. Работиме и на заштитата, затоа што гледате дека тука сечеме некои планини, и градиме мостови, затоа е потребна заштита“, вели Јозеф Чува.

Од Бехтел и Енка велат дека внимаваат и на селата кои се околу околината каде што се гради, поконкретно жителите се информираат за работите.

„Исто така, освен градењето, се трудиме да бидеме добри соседи за да имаме интеграција со локалните жители, бидејќи имаме села во близина како што гледате зад мене. Ова е многу важно затоа што да сум на ваше место, би помислил колку се среќни што се гради во близина на нивните домови и колку сакаат што побрзо да се заврши. Значи многу важен дел е комуникацијата со жителите, таму имаме посебен оддел кој се грижи овие односи да бидат што поквалитетни“, вели Јозеф Чува.

Коридорот 8 е долг 110 километри. Тој е поделен на четири делници и тоа првата делница Тетово-Гостивар, втората делница Гостивар-Букојчани, третата е делот Прилеп-Битола и четвртата делница Струга-Ќафасан. Според договорот вреден 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка мора да ги заврши коридорите во рок од 4 години и 7 месеци.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити за Артан Груби: Со самото бегство ја докажа својата вина!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк