Connect with us

Инфо +

Заврши процесот на стручни расправи за измените на Законот за Судски совет

Published

on

Министерот за правда Игор Филков во свето обраќање во Врховен суд рече дека сите досегашни дадени предлози се нотирани и заедно со денешните ќе бидат проследени до оптимизирана работна група која што ќе ги подготви соодветните законски измени.

„Верувам дека ќе добиеме соодветно законско решение кое што ќе ја постави основата за ефикасно функционирање на ова тело.Судскиот совет треба да го врати легитимитетот, професионалноста и интегритетот со правилна примена за законските норми. Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, на 23 октомври годинава не обврзува до јуни 2025 година да имаме нов закон за Судски совет, во кој што ќе бидат адресирани препораките од Оценската мисија. Не очекува и обврската нацрт законот да биде разгледан од страна на Венецијанската комисија пред усвојувањето во државата што создава притисок за што поскоро завршување на процесот. Реализацијата на секоја законска норма од овој дел зависи од секој судија, јавен обвинител, член на Судскиот совет, член на Советот на јавни обвинители и дигнитетот и професионалноста на секој од нив“,потенцира министерот Филков.

За постигнување на оценката дека во државата владее правото не е доволно само постапувањето на институциите на државата, туку клучно е и процесуирањето на секоја кривична пријава во разумен рок, подигнување на соодветни и издржани обвинителни акти и секако ефикасна судска постапка по однос на секое поднесено обвинение.

Само целосно затворен круг во ефикасна постапка е доказ дека системот во државата е функционален.

Ова е заедничка заложба за која што е потребен заеднички придонес со цел враќањето на довербата на граѓаните во правосудните институции.

Македонија

Изет Меџити за Артан Груби: Со самото бегство ја докажа својата вина!

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, во изјава за Еuro News истакна дека органите на редот издале меѓународна потерница за Артан Груби, кој според информациите, не се наоѓа во Косово, туку во Албанија.

„Со самото бегство ја докажа својата вина. Тој самиот е свесен за правните прекршувања што ги направил, но сметам дека денес, утре или задутре треба да се соочи со правдата,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека е должност на органите на редот да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата.

Continue Reading

Македонија

Кривична за четворица директори од Тетово – злоупотребиле над 13,5 милиони евра за театарот

Published

on

Обвинение за четири физички и едно правно лице за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица.

Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески -Смок” – Тетово и со четвртообвинетиот А.А. – претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на центарот за култура, свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување на договорот за јавна набавка и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. Со дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, обвинетите за второбвинетото правно лице оствариле имотна корист од големи размери во износ од 832.983.064,00 денари.

Искористувајќи исти прилики преземале повеќе временски поврзани дејствија на прифаќање усогласени понуди, времени и завршни ситуации со кои целосно бил променет предметот на договорот што се намалил од договорените 22 позиции и завршување на објектот до фаза „клуч на рака“, во завршување на само 4 позиции во фаза „затворена карабина“ без притоа да има одобрен проект за истото. Воедно, ја зголемувале вредноста на проектот, а за да ја оправдаат склучиле 12 анекси на договорот, со што бил исплатен износ за 138.488.064,00 денари повеќе од првично договореното и од предвидените материјални средства за таа намена. Со така склучените анекси, иако постапката била неделива, го поделиле и го измениле предметот на склучениот договор од фаза „клуч на рака“ во фаза – затворена карабина и на тој начин овозможиле во иднина да се водат две нови постапки за јавни набавки и да се доделуваат нови договори за доградба – втора фаза, со што овозможиле корист за потенцијалните економски оператори во дополнителните постапки.

Во 2018 и 2021 година спровеле нови постапки за јавни набавки – едната за изработка на проектна документација фаза ентериер за објект во изградба и втората со предмет на договор – Втора фаза за изградба на нов објект за Театар и библиотека Тетово. Со склучувањето на нови договори во вкупен износ од 1.345.917.098,оо денари без ДДВ извршиле процентуално надминување на вредноста на основниот договор со зголемување од 93% од договорената цена со основниот договор која изнесувала 694.495.000,оо денари без ДДВ.

Дополнително, со неизвршување на законските обврски за евидентирање и пријавување на даночни обврски и поради тоа што не изготвиле основен проект на изменета состојба, на штета на Буџетот на РСМ од средствата дополнително одобрени и наменети за проект и јавна набавка на ентериер за театарот, се задолжени и се исплаќаат значителни износи од 232.699.289,00 денари за данок на ДДВ, кој навремено не го евидентирале и пријавиле и од кој би биле ослободени.

Петтообвинетиот Б.М. како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година искористувајќи исти прилики, преземал повеќе временски поврзани дејствија на пропуштање должен надзор и на друг начин очигледно несовесно постапувал при вршење на неговите посебни овластувања. Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако одредбите од Законот за градење претходно требало да биде изготвен Проект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот со нови количини, а имајќи предвид дека конструктивниот систем бил целосно сменет, со нов проект требало да се бараат нови конструктивни и статички анализи на објектот. Како резултат на тоа што не бил изготвен Проектот на изведена состојба и немало решение за одобрување на измените што би било составен дел од одобрението за градење, не бил изготвен и Проект за употреба и одржување, па така објектот не може да се запише во јавните книги на недвижности. Со ваквите дејствија потешко ги повредил правата на НУЦК „Иљо Антески Смок “ – Тетово – Министерство за култура и туризам.

Според деталниот опис содржан во диспозитивот на обвинението првообвинетиот С.Ш. и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Х.Ф. и А.А. сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 в.в. сo чл.45 од КЗ и обвинетиот Б.М. сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата од чл. 353-в ст.4 в.в. ст.2 в.в. чл. 45 од КЗ, соопштуваат од Обвинителството.

Continue Reading

Инфо +

Адвокатот: Груби е невин!

Published

on

Во Шутка и Идризово, сите се невини, прашајте ги, слободно!

Ова е само дел од коментарите на Фејсбук, кои граѓаните ги упатуваат, јавно прозивајќи и повикувајќи го Груби, доколку е навистина невин да си се врати во Македонија.

Артан Груби пишуваше по ФБ во понеделникот од Косово, симптоматично или не – кога во оптек беше „само“ кривичното дело за криминал и коупција со судијата Беџети за Мијалков, без сомнежи за мега аферата во Лотарија на Македонија. Оттогаш, Груби исчезна од јавноста. Сега, комуницира само преку адвокатот Доневски, кој го застапува. Тој пак, во одбрна на својот клиент. Би било чудно и преседан да е поинаку, велат познавачите за Курир.

-Не постои основа на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон, вели адвокатот Владимир Доневски, кој е адвокат на поранешниот прввицепремиер на Ковачевски (кој е во истиот случај само со друго, поинакво обвиненение) и министер за политички систем, Артан Груби во соопштение испратено до медиумите во име на Груби, како бранител ангажиран од неговото семејство.

Тврдењето на Доневски предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, па граѓаните со основа го поставуваат прашањето:

– Та, ако е невин, што не се врати дома?

-Затоа ли избега десет минути пре да те уапсат?

-Врати се, играј мања-веча, во твој стил!

-Сега, ќе глуми ли политичка жртва?

-Во Шутка и Идризово, сите се невини, прашајте ги, слободно!

Ова е само дел од коментарите на Фејсбук, кои Курир ги пронајде за саде неколку минути, абер кој граѓаните го упатуваат јавно прозивајќи и повикувајќи го Груби, доколку е навистина невин да си се врати во Македонија.

Вчера од Кривичниот суд Скопје потврдија дека адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“, поднел жалба на одлуката за притвор. Оттаму кажаа и дека по поднесената жалба, одлука ќе се донесе во текот на следните денови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк