Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: „Мојот народ одлучува!“

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на вториот Буџетски форум за креирање на буџетот за 2025 година, објави значајни мерки за поддршка на жителите на општината.

„Мојот народ одлучува“ е принцип кој не е само слоган, туку и насока во работењето, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи ја важноста на транспарентноста и директната комуникација со граѓаните.

На форумот, кој собра пензионери, млади, спортисти и претставници на граѓанските здруженија, беа договорени нови проекти за следната година. Пензионерите со пониски примања ќе добијат финансиска поддршка, додека за матурантите е предвидено субвенционирање на возачки дозволи. Исто така, ќе се воведе платена пракса за студентите кои живеат во општината.

Ѓорѓиевски изрази задоволство што општината досега успешно реализирала 95% од неговата четиригодишна програма, но и проекти иницирани директно од жителите. „Вашите предлози се основа за креирање на буџетот, а заедно можеме да ги поставиме приоритетите за развој на нашата општина,“ изјави тој.

Градоначалникот им се заблагодари на жителите за довербата и поддршката, ветувајќи уште поголема посветеност во правењето на Кисела Вода подобро место за живеење.

Скопје

Ѓорѓиевски: Вечна ти слава, Гоце Македонецу!

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на Гоце Делчев, истакнувајќи ја неговата визија и храброст како темел на силна и обединета Македонија.

„Испречени пред неправдите, пред обидот за негирање на македонскиот бит, со гордост се поклонуваме пред нашиот и само наш, македонски херој! Борбата на Гоце продолжува!“, порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека опстанокот на вистината за Македонецот мора да остане жив и дека тоа е заветот на оваа и сите идни генерации.

„#ГоцеЕМакедонија и за тоа нема никаков компромис! Да живее Република Македонија!“, заврши Ѓорѓиевски во својата патриотска порака.

Continue Reading

Скопје

Генерално чистење во општина Кисела Вода

Published

on

Во Општина Кисела Вода денес започна со акција за генерално чистење на јавните површини, улиците и парковите на своја територија, со цел да обезбеди почиста и поздрав животен амбиент за граѓаните. Активностите започнаа од населбата Цветан Димов и во наредниот период ќе бидат опфатени сите 15 населби и населени места во општината, извести општината.

Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини. Се мете и рачно, но и со новите метларки кои неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Се перат плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад. За жал, се санира и несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните простори.

Во овој контекст Општина Кисела Вода најавува дека за околу две седмици ќе организира нова акција за бесплатно подигнување на кабаст отпад, кој потоа ќе биде соодветно складиран на депонија. За оваа активност граѓаните ќе бидат дополнително известени, велат од општина Кисела Вода.

– Обезбедувањето на чиста и здрава средина за граѓаните е наш врвен приоритет. Денес започнавме со темелно чистење на улиците, парковите и јавните површини, а овој процес ќе се спроведува низ целата општина во наредниот период. Со новонабавените метларки и со ангажманот на нашите сезонските работници, Кисела Вода станува почисто и поуредено место за живеење.

Истовремено, апелираме до граѓаните да покажат поголема свест и одговорност во одржувањето на хигиената во нашите населби. За оние кои имаат потреба од отстранување на кабаст отпад, општината во наредните две недели ќе организира специјална акција за негово бесплатно подигнување. Остануваме посветени на создавање на уредна и еколошки одржлива општина- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

По денешната акција во населба Цветан Димов, утре активностите продолжуваат во населба Драчево, во четврток во Расадник и 11 Октомври Згради, а следната недела акцијата ќе продолжи и во сите останати месни и урбани заедници согласно веќе изготвениот динамички план, се додава во соопштението на општината.

Continue Reading

Скопје

ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Нова несреќа вечерва на Партизанска (ФОТО)

Published

on

Вечерва се случила нова сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, спроти Лептокарија, каде што се судриле два автомобили.

Според првичните информации, предните делови на возилата се сериозно оштетени.

Засега нема податоци за евентуални повредени или жртви.

Извор: newz24live.com

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк