Connect with us

Македонија

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Published

on

„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски“ – вака гласи известувањето од македонската амбасада во Германија по несебичната помош што овие двајца македонски доктори го направија за да им помогнат на повредените по синоќешниот напад во германскиот град Магдебург, кога Саудиец со автомобил влета во толпа луѓе кои присуствуваа на новогодишен пазар.

„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“ – велат од македонската Амбасада во Германија.

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.

Според градските власти повредени се околу 200 лица.

Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено.

Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија кој живее во Германија од 2006 година.

Извор: 24инфо.мк

Македонија

Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван

Published

on

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 43 минути во близина на Истанбул.

Епицентарот на земјотресот бил на 90 километри јужно од Истанбул.

Граѓаните известуваат дека земјотресот бил добро почувствуван.

„Навистина добро се тресеше“, „Ги почувствувавме потресите“, „Беше кратко, но силно“, „Седевме во дневната соба, се чувствувавме како на 8-ми кат“, се само дел од коментарите.

Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.

Надлежните органи ја следат состојбата.

Continue Reading

Македонија

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара создавање на Општините Голо Брдо и Гора

Published

on

Десет години по територијалната поделба од 2014 година, регионите Голо Брдо и Гора, каде што живее Македонското национално малцинство, остануваат сè уште неразвиени.

Во 2014 година беа укинати општините Требиште, Острени и Стеблево во регионот на Голо Брдо, кои беа припоени кон општините Булќиза и Либражд, како и општините Шиштавец и Запод во регионот на Гора, кои беа припоени кон Општина Кукс.

Македонското национално малцинство во регионите на Голо Брдо и Гора го смета укинувањето на општините како чекор назад во почитувањето на правата на малцинствата во Република Албанија.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана бара од Владата да предложи измени во Законот за локална самоуправа со цел создавање на две нови општини:

• Општина Голо Брдо

• Општина Гора

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана верува дека овој демократски процес ќе ја зголеми довербата на граѓаните во системот и ќе овозможи поефикасно решавање на проблемите во регионите на Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

Претседател, Никола Ѓурѓај

Координатор на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за регионот Голо Брдо, Фатри Фетау

Continue Reading

Македонија

Гоце Трајковски денеска не бил повикан за сведок на судењето за Вања

Published

on

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не бил повикан сведокот Гоце Трајковски, кој е осомничен за друго кривично дело и минатата недела се предаде на полицијата во полициска станица.

Инаку, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување на докази предложени од Обвинителството.

Сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, кој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, минатата недела сам се пријавил во полициска станица.

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и се очекува денеска да биде сослушан.

На минатото рочиште беа изведувани видео записи од безбедносни камери. Обвинителство презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу за нивното движење низ Скопје на критичниот ден на 27 ноември 2023 година и неколку дена пред да биде грабнато девејчето.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Првообвинетиот Палевски Палчо, на минатото рочиште најави дека ќе бара изземање на обвинителството.

– Барам да си ја уреди листата на докази оваа супер обвинителска екипа што ме обвинува. Сакам да најавам дека на следното рочиште ќе барам изземање на целото обвинителство, за што ќе приложам докази, изјави Палевски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк