Connect with us

Промоции

СКОПСКОТО КАЛЕ ЌЕ БИДЕ МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ Капијата официјално ќе се отвори до почетокот на летото

Published

on

Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

– Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и во наредниот период ќе преземеме конкретни чекори бидејќи имаме буџет во 2025 година за таа намена. Се надеваме дека до почеток на летото веќе ќе можеме да го отвориме Калето официјално за посетители. Освен Калето и содржините што ги имаме внатре, во Калето, а тоа се музеите – рече министерот Љутков на новинарско прашање по промоцијата на софтвер за водење на заштитните евиденции и Националниот регистар на културното наследство.

Во однос на истражувањето на археолошкиот локалитет во Струшко, тој кажа дека ископувањето е завршено и затворено. Конзервација на пронајдените предмети прави Заводот и Музеј од Охрид и тие предмети ќе бидат изложени таму.

– Тој проект е капитална инвестиција за Македонија и се надевам дека ќе продолжи проектот од 25-та година натаму – вели Љутков.

На локалитет во селото Корошишта во струшко, откриени се стотина артефакти од непроценливо значење. Станува збор за монументална гробница, односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата, со оглед на богатите подароци пронајдени во гробот. 

Промоции

Место кое оваа зима треба да се посети

Published

on

Место кое оваа зима мора да се посети

Вилата „Вук“ е пријатно уредена, топла вила која е идеална за сите авантуристи и љубители на снегот. Она што ние ви го гарантираме е прекрасно утринско чувство додека го пиете вашето кафе или чај со поглед кон Шара.



Вклучено во цена:
Цена за наем на цела вила од ноќ
Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и периодот
Греење/Ладење
Wi-Fi
Max TV
Опремена кујна
Не e вклучено во цена:
Транспорт до вилата
Храна
Вилата „Вук“ е пријатно уредена, топла вила која е идеална за сите авантуристи и љубители на снегот. Она што ние ви го гарантираме е прекрасно утринско чувство додека го пиете вашето кафе или чај со поглед кон Шара.



Вилата е на три спрата. Вилата располага со се што му е потребно на еден гостин. Кујната е целосно опремена. Има Wi-Fi и Max TV.

Вилата има дневен престој, а максималниот капацитет е за 10 лица.



Првиот спрат е со дневна, трпезарија и кујна, ходник и купатило. На горните два спрата се наоѓаат спалните соби, тоалет и тераса. Греењето е на струја.
Располага со еден тоалет и едно купатило. Кулатилото е целосно опремено со сите потребни работи за оддржување на лична хигиена.



Во околината на вилата има јавен паркинг.

Сместувањето во вилата е од 12:00 часот, но доколку претходниот ден нема гости, сместувањето може да биде и порано во зависност од договорот со сопственикот.



Во околината на вилата има пицерија, кафуле, а недалеку има и ресторан.

Телефон за резервации: 072260915

Continue Reading

Промоции

Пристигна Barner во Македонија

Published

on

Во Македонија пристигна Barner, еден од најпознатите брендови за очила со заштита од сино-виолетова какo и ЛЕД светлина. Тие се најиновативните и најдобрите очила со заштитни стакла кои постојат на светскиот пазар.

ЗОШТО ОЧИЛА ЗА ЕКРАН?

Ние живееме целосно опкружени со екрани, поминувајќи во просек скоро девет часа на ден, пред дигитални уреди. Сите овие уреди емитуваат сина светлина, а кога нашите очи не се заштитени од ова прекумерно изложување, светлината може да биде штетна.

КАКО ФУНКЦИОНИРААТ?

Леќите на Barner имаат специјално изработена обвивка за луѓе кои поминуваат многу време во затворени простории и се изложени на сино-виолетова и ЛЕД-светлина од дигитални уреди како што се: компјутери, паметни телефони, телевизори и таблети.

Високо квалитетните CR39 органски леќи блокираат 100% од сината светлина на 400nm и 40% од сината светлина на спектар од 430nm – 450nm.

ПРИДОБИВКИ

Од подобрување на вашиот сон, до зголемување на вашиот фокус, придобивките од очилата со заштита од сино-виолетова светлина Barner очилата драстично ќе го подобрат вашиот квалитет на живот.

СОВРШЕНАЗАШТИТА

Заштитните леќи на Barner очилата се обложени со ултра тенки слоеви кои се отпорни на гребење, анти-статички односно не задржуваат прашина, хидрофобни односно не задржуваат капки вода и лесно се чистат.

Ах и не ви спомнавме, тешки се само 22 грама!

Barner својата промоција месецов ја имаат во Public Room каде што самите ќе можете да ги погледнете и да се уверите во нивните придобивки!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк