Connect with us

Македонски Фудбал

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Published

on

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички – делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години – пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17)  и 2019 година (МКД до 19). На Европското првенство – ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.

Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драги Канатларовски кој од 2021 година беше предводник на Македонија до 21 година. Низата лоши резултати на младинската селекција се главната причина за разрешувањето на Канатларовски. 

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на Драги Канатларовски за се што направи во текот на своето време во репрезентацијата и му посакуваме многу успех во иднина. 

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за разрешување на селекторите на македонските младински репрезентации. 

Вујадин Станојковиќ е разрешен од позицијата селектор на Македонија до 19 години, генерација – 2006. Под водство на Станојковиќ во 2024 година, Македонија не запиша победа во квалификациите. Оствари три победи на пријателски натпревари, три нерешени резултати и четири порази. 

Раде Каранфиловски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 17 години, генерација 2008. Три победи, десет порази и еден нерешен резултат во 2024 година. 

Драган Начевски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 16 години, генерација 2009. Три победи, шест порази и еден нерешен резултат на пријателски натпревари. 

Исени Иљами е разрешен од позиција селектор на Македонија до 15 години, генерација 2010.  Три победи и три порази на контролни натпревари во 2024 година. 

Управниот одбор на ФФМ, единствено го продолжи договорот со селекторот на Македонија до 18 години, Ерхан Селими. Селими допрва го почнува мандатот на клупата на македонската селекција до 18 години. Досега нема собир со генерацијата  2007. 

На 12. јануари 2025 година на предлог на Горан Пандев – директор на Национални репрезентации и Ѓорги Христов – технички директор ќе бидат доставени предлог имиња за нови селектори на младинските репрезентации.

Вкупен број натпревари на младинските селекции во 2024: 63  16 победи, 12 нерешени резултати и 35 порази. 

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за дополнување на единствената листа на контролори за 2025 година. Контролорската листа се дополнува со Александар Ставрев, Дејан Јакимовски, Дејан Костадинов, Јосип Бартон и Билјана Миланова. Миланова е ФИФА судија и за прв пат во македонскиот фудбал жена е во структурите на судиската организација. 

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев – претседател, Илир Сеља – заменик претседател, Димитар Мечкаровски – член, Дејан Јакимовски – член, Дејан Костадинов – член. 

Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.  

Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон – претседател, Зоранчо Илиевски – член, Џенан Хајдари – член. 

Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев – претседател, Бранко Манојлоски – член и Игор Ширилов – член. 

Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев. 

Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља – делегирање на судии и Билјана Миланова – делегирање на контролори. 

Управениот одбор на ФФМ го усвои барањето на ОФС Струмица за повлекување на суспензијата за ОФС Струмица. Со стапување на сила на оваа одлука престануваат правните и спортските последици на ОФС Струмица; 

Управниот одбор на ФФМ на седницата по добиено известување за определени неправилност во ОФС Охрид, донесе одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен претставник назначен од У.О. на ФФМ со уредно писмено полномоштно, одреден печат и заверен архивски број не произведуваат правни дејства кон ФФМ и истите од страна на ФФМ нема да бидат признати. 

Досегашниот член на Управниот одбор, Лазар Ракиџиев од ОФС Велес поднесе оставка од највисокото тело во ФФМ, од сите тела и органи на ФФМ и општо, најави повлекување од фудбалот. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му се заблагодарува за досегашните активности во ФФМ.

Македонски Фудбал

Нашиот бисер Елиф Елмас ги мина прегледите и ќе ја носи „11-ката“ во Торино!

Published

on

Елиф Елмас официјално е нов играч на Торино! Македонскиот фудбалски бисер успешно ги мина медицинските прегледи и ќе го носи дресот со број 11 во својот нов клуб. Со овој трансфер, Елмас започнува ново поглавје во својата кариера во италијанската Серија А.

Continue Reading

Македонски Фудбал

Трансвет бомба на нашиот Елиф Елмас

Published

on

ОФИЦИЈАЛНО: Елиф Елмас е нов фудбалер на Торино!

Македонскиот репрезентативец ќе го носи дресот на „биковите“ и ќе биде дел од нивната борба во Серија А. Со својата техника, визија и борбеност, Елмас ќе донесе нова енергија во тимот!

Среќно во новиот предизвик, Елиф! Цела Македонија е со тебе! 🔥💪

Continue Reading

Македонски Фудбал

Зајакнување на фудбалот во Македонија: Омерагиќ и Ристовски на заедничка средба

Published

on

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, се сретна со Министерот за спорт, Борко Ристовски, за да дискутираат за новата иницијатива која има за цел да го унапреди развојот на фудбалот и спортот во земјата.

„Ние сме луѓе од спортот и навистина не радува тоа што заедно со Министерството за спорт започнуваме ново ниво на соработка, професионализам и транспарентност“, изјави Омерагиќ.

Тој ја истакна важноста на поддршката од Владата, која овозможува подобри услови за развој на спортот, како и клучните чекори кои се направени во однос на распределбата на средствата за спортските клубови.

„Еднаквиот третман за сите е наш приоритет и тоа ќе го реализираме. Имаме јасна визија за вложување во фудбалот и спортот воопшто. Кога имате партнер кој точно ги знае потребите, тогаш е многу полесно“, додаде Омерагиќ.

Оваа средба е дел од пошироката стратегија за развој на спортската инфраструктура и подобрување на условите за спортски клубови во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк