Connect with us

Балкан

ИМААТ 54.000 НЕВРАБОТЕНИ: Се зголемила невработеноста во Словенија

Published

on

Стапката на невработеност во Словенија е највисока во последните речиси четири години. 

Стапката на невработеност според Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија. Стапката на невработеност се искачи на 5,2 од 4,9 проценти во октомври. Стапката беше највисока од февруари 2021 година, кога изнесуваше 5,4 отсто, пренесе ДПА.  Во ноември лани стапката на невработеност изнесуваше 3,5 проценти. Во Словенија во ноември имало 54.000 невработени од возрасната група од 15 до 74 години. 

Балкан

Пропадна уште еден обид на Македонците во Бугарија да регистрираат здружение на граѓани

Published

on

Здружението како што пишува „Струма Бг“, било формирано на 3 декември минатата година, а десетина дена подоцна било поднесено барање за регистрација до надлежните бугарски органи, кои како што се наведува, ја одбиле регистрацијата поради неправилностиво документацијата.

 Од здружението потоа поднеле жалба во која навеле дека причината според нив е поради македонската самосвест и самоопределување на основачите со што им се оневозможува правото на здружување и се нарушува член 11 од конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи.

Сепак, окружниот суд во Благоевград денеска потвторно ја одбил регистрацијата образложувајќи дека статутот на здружението не ги исполнувал условите, односно не содржел јасни правила за членство…

Continue Reading

Балкан

Ниските пензии ги принудуваат бугарските пензионери да продолжат со работа

Published

on

Ниските пензии вратија на работа најмалку 180.000 бугарски пензионери. Во Бугарија  има околу 340.000 вработени стари лица, кои едноставно немаат доволно пари за живот. Останатите продолжуваат да работат, водени од други мотиви – дел од нив поради љубов кон професијата, други затоа што сакаат да продолжат да бидат активни и интегрирани во општеството.

Официјалните податоци на Евростат покажуваат дека приближно еден од шест пензионери во Бугарија продолжува да работи. Студијата на Европскиот завод за статистика од 2023 година, покажува дека уделот на работниците пензионери во земјата е 16,7 отсто, објави “Телеграф.бг“. 

Нема официјална статистика која покажува колку постари луѓе ја дополнуваат пензијата работејќи на хонорарна основа или давајќи услуги, без да имаат договор. Според податоците за уделот на работниците пензионери, земјата е во остра контраст со соседните Романија и Грција. Таму уделот на лица кои примаат стаж и старосна пензија, а сепак одат на работа, е само 1,7 и 4,2 отсто.

Инаку Бугарија не се разликува многу од просечното европско ниво. Генерално, уделот на работниците пензионери во ЕУ е 13 проценти. Сепак, вкупната бројка е многу повисока од податоците за нордиските и балтичките земји. Во овие земји речиси секој втор возрасен избрал да продолжи да работи.

Но, главната причина за нив, за разлика од Бугарија, не е финансиска. Повеќето жители таму сакаат само да останат активни или премногу ја сакаат својата професија. Ова целосно се однесува на над 60% од вработените пензионери во Норвешка. Данците, Холанѓаните и Италијанците исто така премногу ја сакаат својата работа за да ја напуштат по пензионирањето.

Continue Reading

Балкан

200 ЗЕМЈОТРЕСИ ЗА 48 ЧАСА НА САНТОРИНИ Се затвораат училиштата, се откажуваат собирите

Published

on

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени.

Над 200 земјотреси во изминатите 48 часа биле регистрирани во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос со максимална магнитуда од 4,5 степени, а по новиот состанок во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција беа донесени превентивни мерки за граѓаните, меѓу кои и одлука училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи утре да останат затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Претпладнево меѓу серијата земјотреси беа регистрирани и три со јачина од 4,5, 4,3 и 4,1 степени, грчките сеизмолози смируваат дека земјотресите на Санторини не се поврзани со вулканската активност на островот, додека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за вечерва закажа состанок за земјотресите.

Поради зголемената сеизмичката активност во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос, денеска се одржа нов состанок, втор за помалку од 24 часа на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи и откако ги разгледале податоците донеле неколку препораки и превентивни мерки.

Поконкретно, како што соопштија од Министерството, членовите на комисиите одлучиле училиштата на четири острови утре да останат затворени, а на граѓаните им препорачуваат да избегнуваат големи собири во затворени простори; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во четирите пристаништа на Санторини; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што е веројатно да се појават одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Дополнително, откако комисиите ги разгледале досегашните податоци едногласно констатирале дека „сеизмичката активност во калдерата е намалена“, дека „сеизмичката серија и понатаму е зголемена во последните 48 часа со над 200 земјотреси во делот меѓу Санторини и Аморгос (земјотреси со максимална магнитуда од 4,5 степени)“, но и дека тековната сеизмичка активност во конкретната област „се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и не е поврзана со вулканска активност“.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, соопштија дека надлежните комисии утре напладне ќе одржат нов состанок.

Паралелно, грчкиот премиер за 19 часот по локално време закажа состанок во Премиерската палата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк