Connect with us

Uncategorized

Интервју со Игор Гешовски: ЕЛС дневно испорачува до 10.000 пратки од Тему и од Али Експрес, апелираме до граѓаните да оставаат точни податоци

Сериозен раст на онлајн трговијата се бележи во светот и во земјата, нешто што остана како животна навика по ковид-пандемијата. Во сиот овој процес, приватните пошти зазедоа сериозна улога во услужувањето на потребите на граѓаните. За сите аспекти на овој бизнис и за идните планови на компанијата, зборува Игор Гешовски, сопственик на Еко логистик сервис (ЕЛС), компанија лидер во поштенскиот сектор која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци.

Со оглед на растот на онлајн трговијата, какви се позициите на ЕЛС на пазарот и кои се клучните предизвици со кои се соочувате? 

Игор Гешовски: Предизвиците се големи, бидејќи со трендот за раст на онлајн трговијата во земјава и надвор од неа, поштите кои вршат достава на пратки се двигателот на овие процеси. Тоа е меѓусебно поврзан систем – без онлајн купување нема достава на ваков вид пратки и обратно, без добра и квалитетна достава со безбедносен код нема квалитетна, сигурна и брза достава. Според последната статистика на Агенцијата за пошти доставата на онлајн нарачки направени на интернет  во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај, ЕЛС доставува над 70 отсто од сите направени онлајн нарачки.

Што го прави ЕЛС лидер во поштенскиот сектор во земјава? Во оваа смисла, со какви ресурси и лиценци располагате?

Игор Гешовски: Лидер сме во повеќе сегменти, почнувајќи од број на возила, хабови, доставувачи до најдобар систем, едукација, еко акции, хуманитарни акции и се останато. Верувајте, дури и дечињата почнаа да го распознаваат ЕЛС. На конкурсот кој го имаме традиционално секоја година, низ цртежите гледаме разлика. Минатата година гледавме дека за ЕЛС се размислува во облачиња за достава на интернационални пратки, а оваа година цртежите се без облачиња, има авиони, дронови и цртежи со безбедносен код кога поштарот им носи пратки  што особено нѐ радува. Поради тоа, традиционално подготвуваме подароци за најдобрите цртежи на последниот ден од годината.

Ги имаме сите лиценци за вршење на меѓународен и внатрешен поштенски сообраќај за разлика од многу други приватни поштенски оператори. Се разликуваме и во однос на бројот на хабови и возила, а само овој месец купивме над 40 нови возила од сите категории. Се разликуваме и во едукацијата, начинот на функционирање, визијата. Се разликуваме и во тоа што сме флексибини, побрзи, подигитализирани, нема манипулации и тоа и компаниите и граѓаните го препознаваат.

Со колку домашни компании соработувате во моментов и колку испораки вршите на месечно ниво?

Игор Гешовски: Како што споделив, вршиме достава за над 70 проценти од домашните компании. Тоа се големи, над 200 компании како Fashion Group, Sport Vision и многу други. Испораките се секој месец различни зависно од онлајн нарачките, а најголем број на нарачки имаме за Black Friday.

Во последниов период компанијата привлекува посебно внимание поради испораката на пратките од Али експрес и Тему. Како започна соработката во овој сегмент и какви подготовки беа потребни? 

Игор Гешовски: Соработката започна во месец мај, но имаше голем период на адаптација особено со Тему. Со Али Експрес почнавме со достава на 15  јуни оваа година, а со Тему на 16 ноември. Воопшто не е лесно да се исполнат нивните очекувања како што се системска интеграција, исполнување на услови, безбедност која е многу битна во овој процес, 24/7 техничка поддршка, услови и многу други сегменти.

Тему и Али Експрес го препознаа системот кој го имаме, бројот на возила, капацитетите, хабовите. Можам да кажам дека годинава ја завршуваме успешно со над 90 хабови, 300 возила и над 300 вработени, што е за 20-30 проценти повеќе од претходната.

По колку пратки дневно испорачувате од Али Експрес и од Тему и што најчесто нарачуваат македонските граѓани?

Игор Гешовски: Испорачуваме дневно од 8 000 до 10 000 пратки само од интернационален поштенски сообраќај, од пратките на Али Експрес и Тему.  Македонските граѓани во почетокот порачуваа повеќе накит, практични работи за дома, детски играчки, маски за телефон, УСБ, но по брзината на доставата и цената во последно време порачуваат и поскапи работи како мали куфери, јакни, обувки, смарт часовници, мобилни телефони и ИТ опрема.

Се соочивте ли со непредвидени предизвици во однос на доставата (доцнење при достава, нецелосни адреси или телефонски броеви)?

Игор Гешовски: Видете, овој процес воопшто не е лесен, но досега успешно се справуваме со тоа. Најголем проблем ни прави тоа што нашите граѓани оставаат нецелосни адреси и половични телефонски броеви или пак сѐ уште оставаат фиксни телефони од разни причини, на кои никој не се јавува. Поради тоа, на тие граѓани им доцни испораката на пратките и тие реагираат, виновен им е ЕЛС. Но, ако остават само адреса а не остават број на стан, а живеат во зграда, или пак остават нецелосен или погрешен телефон, еве кажете ни како да ги најдеме тие луѓе за да им доставиме пакет. Имаме и такви што пријавуваат дека им доцни испораката на пратката, а ја порачале пред само еден ден.

На тој начин, се оптоваруваат броевите 13 990 и 15 990 со прашања каде ми е пратката, а не го провериле самите на нашата страна www.els.mk . Или пак ја проверуваат пратката на тракингот на Тему, а не на нашата страна, бидејќи понекогаш нивниот тракинг доцни, не знам од кои причини. Планираме да отвориме нов број само за меѓународен поштенски сообраќај за овие пратки и веќе сме во фаза на поврзување на нова линија за подобро корисничко искуство на граѓаните.

Воедно, се соочивме и со предизвикот што очекувавме до 3 000 пратки дневно, а имаме 3 пати повеќе, од 8-10 000 секој ден.

Македонските граѓани често се плашат да вршат онлајн уплати кога вршат нарачки. Кој е вашиот совет, како да се заштитат и дали е безбедно нарачувањето преку платформите како што се Али експрес и Тему?

Игор Гешовски: Тоа се големи системи и граѓаните не мораат да се грижат кога купуваат на овие платформи. Ниту едните ниту другите не би се изложувале на ризик посебно кога се работи за безбедност. Нашиот совет е само да оставаат точни информации со целосна адреса како: ул.—- бр——- Општина—– зип код (пр.1000 Скопје) и град. Знаете дека во нашата држава имаме голем број населби и улици со исто име. Алинци на пример има и во Прилеп и во Битола. И граѓаните понекогаш не внимаваат, го кликаат првото кое ќе им се покаже, не ставаат зип код и не ставаат град, нешто што нам ни ја отежнува доставата, а и губиме многу време во препраќање од едно во друго место. После тоа, кога ќе се јават во Центарот за грижа на корисници или пишуваат на социјалните мрежи, ја наоѓаме пратката и им ја доставуваме со релокација. Но, тоа не е во ред. Апелираме доколку некои од граѓаните имаат оставено неточни податоци или нецелосни телефони да си коригираат во профилите на платформите за да немаат проблеми со доставата. И секако, да не оставаат лажни телефони или фиксни броеви и да ја почекаат доставата на адреса, односно да не доаѓаат во хабовите да ги преземаат пратките.

При испораката на пратките лицето кое ја извршило нарачката добива безбедносен код на неговиот телефонски број. Може ли да објасните што значи овој код? 

Игор Гешовски: Оваа услуга на Балканот ја нудиме само ние, во контакт сме со сите пошти од регионот, но никој не нуди ваква безбедност во доставата, нешто што е клучно за да се избегнат манипулации. Уште еден апел до граѓаните, во моментот кога ќе им стигне безбедносниот код да почекаат поштарот да дојде на нивната адреса и да му го кажат на поштарот кодот во моментот на преземање на пратката.

Со ова се избегнуваат манипулации од типот на „не ги добив сите пратки, пратката ми е нецелосна, не ми ја достави поштарот пратката, а во вашиот систем стои како доставенa”. Имавме примери како „нарачав мобилен телефон, а добив маска за телефон“. Со ова, нема простор за такви манипулации бидејќи точно ги знаеме нарачките. Порано кога не ги доставувавме ние, граѓаните ги подигнуваа пратки, но поради лоши системски решенија се жалеа дека не им стигнало ништо и ги рефундираа. И сега има можност за рефундација и враќање, но доколку некој апарат не работи или поради неточен број и слично. Но, во тој случај треба да ги чуваат оригиналните пакувања на пратките со адресницата или да ја носат со себе, бидејќи во забелешка мора да се наведе точниот тракинг број на пратката која примателот сака да ја врати. Таа мора да биде соодветно спакувана и со темна обвивка за да не се гледа за кој производ се работи.

Какви се вашите планови за компанијата, со какви стратегии влегувате во наредната година?

Игор Гешовски: За следната година имаме многу планови кои ги имаме во нашиот бизнис план. Од дополнителен развој, ширење на пазарот пошироко, пуштање во употреба на фулфумниот центар, редовна размена на пратки со соседните држави и зголемување на бројот на онлајн шопови. Ќе имаме и нова веб страна која на самиот почеток на новата година граѓаните ќе можат да добиваат многу податоци како пријави се за вработување (редовно или хонорарно), остави податоци за да ти доставиме понуда за нашите услуги, тракинг, совети за правилно адресирање, новости, еко акции, помош за старт-ап компании и многу други функционалности.

Извор: БИЗНИСВЕСТИ

Advertisement

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг