Како дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ, ВЕРО во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, оддава признание на згрижувачкитесемејства и носи празнична радост за децата под нивна грижа.
(Скопје, 29.12.2024) – Ланецот на супермаркети, ВЕРО, денеска официјално ја започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, иницијатива на национално ниво, со цел да донесе радост кај децата од овие семејства за време на празниците. Настанот се одржа во ВЕРО Центар во Скопје, каде голем број деца добија новогодишни подароци од Џамбо маркети и учествуваа во активности со Дедо Мраз.
Кампањата, која се спроведува под платформата #ВЕРОзаТЕБЕ, има за цел да го нагласи значењето на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, додека овозможува секое дете да ја доживее радоста на празниците. Овие иницијативи нудат дополнителна поддршка и создаваат празнична атмосфера што ја истакнува важноста на љубовта, грижата и вниманието за секое дете.
„Празниците се време на љубов, надеж и дарување. Згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост се вистинските херои на нашето општество, а преку оваа кампања имаме можност да ги поддржиме и да внесеме насмевки на лицата на децата под нивна грижа. Не станува збор само за подароците, туку и за создавање моменти на заедништво, радост и потсетување дека сите сме дел од истата заедница,” истакна во своето обраќање Петар Денковски, директор на ВЕРО.
Во Македонија, многу деца живеат во згрижувачкисемејства, додека други добиваат поддршка од центри за лица со попреченост, кои играат клучна улога во нивниот личен развој и инклузија во општеството. Министерство за социјална политика, демографија и млади на Македонијаигра значајна улога во обезбедувањето на соодветни услуги за нив, помагајќи да се исполнат нивните емоционални, социјални и физички потреби.
„Згрижувачките семејства обезбедуваат многу повеќе од дом – тие се извор на љубов и стабилност за децата кои се соочуваат со животни предизвици. Истовремено, центрите за лица со попреченост претставуваат соодветно место каде овие лица добиваат поддршка, стручна грижа и можност да ги развиваат своите вештини. Оваа иницијатива покажува како сите заедно можеме да направиме разлика и да донесеме радост и топлина за време на празниците,“ изјави Ѓоко Велковски,заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади на Македонија.
Преку оваа кампања, во соработка со Министерство за социјална политика, демографија и млади на Македонија, ВЕРО ќе обезбеди новогодишни подароци за децата од згрижувачките семејства низ целата држава. Дополнително, дел од донациите ќе бидат насочени и кон центрите за лица со попреченост, како израз на поддршка за нивната важна мисија во подобрување на квалитетот на живот на овие лица. Со ова, ВЕРО ја нагласува својата посветеност кон создавање подобра и поинклузивна заедница.
Кинеската платформа за е-трговија TEMU брзо стекна популарност и во Македонија, благодарение на ниските цени, кои често се клучен фактор за поттикнување за првата онлајн нарачка.
Влегувањето на кинеската платформа за е-трговија TEMU на македонскиот пазар дополнително го поттикнува онлајн купувањето во Македонија. Со примамливи цени, брза испорака и агресивен маркетинг, TEMU ги придобива потрошувачите, но истовремено внесува големи промени во локалниот еко-систем на е-трговија.
Платформата го стимулира користењето на картички за онлајн плаќање, што е одреден чекор напред кон намалување на високото ниво на користење на готовина при испорака (Cash on Delivery – CoD). Со оглед на тоа што плаќање при испорака доминира во регионот, оваа промена може да ги поттикне потрошувачите да ја прифатат дигиталната трансакција како побезбеден и поудобен начин на плаќање. Локалните е-трговци треба да го искористат ова како можност, нудејќи атрактивни понуди за картични плаќања или програми за лојалност кои наградуваат дигитално плаќање, за постепено да го намалат уделот на плаќање при испорака кој е истакнат како еден од главните предизвици на е-трговците.
Секако секое купување онлајн особено со платежна картичка носи придонес за е-трговијата во Македонија, бидејќи ги едуцира граѓаните, па со тоа се очекува дека ќе направат и друга онлајн трансакција од домашните регистрирани е-трговци.
Локалните бизниси дополнително може да научат многу од оваа стратегија, особено кога станува збор за персонализирани реклами, инфлуенсер маркетинг и подобрено корисничко искуство. Ако тие ја прифатат оваа нова парадигма и се прилагодат на потребите на модерниот потрошувач, имаат реална шанса да останат конкурентни и релевантни на пазарот како и да ја зголемат продажбата земајќи во предвид дека навиките кај потрошувачите се повеќе и повеќе се насочуваат кон е-трговијата.
Влијае ли зголемениот обем на пратки од TEMU на капацитетите и брзината во достава на останатите пратки кај поштенските даватели?
Македонските граѓани на платформата ТEMU можат да најдат артикли како облека, додатоци за домаќинство, играчки и слично. Во Македонија задолжени за испорака на пратки од TEMU се курираската служба ELS, кои како клучни играчи во доставата на пратки велат дека бројот на пратки значително е зголемен благодарејќи на маркетинг алатките, промоциите и попустите кои ги нуди платформата, а бројот на пратки кои го доставуваат само од TEMU надминува и 4000 пратки на ден, што е извонредно достигнување.
На прашањето за тоа како тече самиот процес на нарачки и испораки од ELS велат дека истиот зависи од неколку чекори. Во првите девет дена нарачките се обработуваат во Кина: сортирање, пакување, транспорт од магацини до аеродроми и слично. Потоа, имаат 48 часа за авиотранспорт, а во Северна Македонија и Албанија пратките се доставуваат во рок од неколку дена.
„Зголемениот обем на пратки од TEMU, не влијае негативно врз останатите пратки на е-трговците благодарејќи на постојаните иновации и зголемени капацитите на ЕЛС“, вели Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС.
На дневно ниво се испорачуваат 4.000 пратки и се очекува овој број постојано да расте, благодарение на зголемениот капацитет и побарувачка. Но и покрај се, истиот не влијае негативно врз останатите пратки. ELS во моментов располага со 90 логистички “хабови” и над 300 возила од кои 70 се купени само во последниот месец, дополнително се ангажираат и нови вработени, со оглед на тоа што се припремаат за значителен пораст на пратки, не само од ТEMU, туку и од нови платформи. Потребата за кадар е во постојан раст и во моментов се предвидува зголемување на тимот за 20% секој месец.
Потрошувачите треба да се внимателни и да доставуваат точни податоци при онлајн нарачки, како би можеле курирските служби побрзо и поефикасно да ги достават производите.
Од ЕLS им сугерираат на потрошувачите да внимаваат на грешки при онлајн нарачките, за да не дојде до дополнитени проблеми при испораката. Најчесто станува збор за: неточни податоци како оставени погрешни телефонски броеви, нецелосни или неточни адреси, погрешни поштенски кодови и слично.
Еднa од наjчестите дилеми кај потрошувачите беше и проблемите со поврат на пратка од ТЕМU, односно дали погрешната пратка може да се врати преку ELS, имајќи предвид дека ТЕМU нуди рефундација на средствата.
“Процедурите за рефундирање и замена се дефинирани уште пред почетокот на соработката. Иако рефундирањето, враќањето и замената се дел од протоколот, се соочуваме со обиди за злоупотреба. Некои корисници пријавуваат дека пратките не се доставени, иако ги примиле, со цел да добијат рефундирање преку TEMU. Нашата пошта применува современи стандарди, а ние сме единствени во регионот кои доставуваме со безбедносен код, со што значително ја зголемуваме довербата и транспарентноста.” – дополнува Гешовски.
Маркетинг стратегијата на ТEMU е агресивна, но истовремено и стратешки прецизна
Тоа што ТEMU ја издвојува од останатите платформи е токму маркетинг стратегијата која ја користат. Клучниот фокус е на примамливите цени, кои се дополнети со најразлични ваучери и попусти. Оваа комбинација создава моќна привлечност за корисниците. Дополнително, корисничкото искуство кое го нудат е извонредно и лесно достапно за различни демографски групи.
Дизајнот на веб-страницата и боите на логото, кои потсетуваат на познатата платформа Alibaba, претставуваат внимателно осмислена тактика. Ова не само што го олеснува препознавањето на брендот, туку и поттикнува доверба кај корисниците. Со овие елементи, ТEMU успева да креира уникатна, но и ефикасна маркетинг стратегија која доминира на пазарот.
За маректинг стратегијата на TEMU поразговаравме со Сања Брзанова, Head of Digital во McCANN, која истакнува дека меѓу другото една од поважните стратегии на ТEMU е токму директната продажба односно D2C.
“Aко зборуваме за успехот на ТEMU, мислам дека нивниот модел на директна продажба, или D2C, е еден од главните фактори. Со елиминирање на посредниците, тие успеваат да ги намалат цените до ниво кое е многу привлечено за потрошувачите, особено во пазари како нашиот каде што луѓето се доста чувствителни на цените. Тоа е една од првите работи што ги забележуваме – тие нудат производи по цени кои изгледаат речиси „too good to be true“. Но, не е само тоа. Она што навистина ги издвојува е нивната употреба на кориснички генерирана содржина (UGC). Како што знаеме, денес луѓето многу повеќе веруваат на искуствата на други корисници отколку на традиционалните реклами. ТEMU го искористи ова на паметен начин – поттикнувајќи ги своите клиенти да споделуваат фотографии, видеа и рецензии на социјалните мрежи како TikTok и Instagram. Со ова, тие имаат автентична реклама која гради доверба. Кога ќе видите некој „реален“ човек како го користи производот во секојдневен контекст, тоа има многу поголема тежина отколку некоја скапа реклама. Исто така, не можеме да го игнорираме нивниот агресивен пристап кон рекламирањето. TEMU постојано е присутен на социјалните медиуми сотаргетирани реклами. Тие знаат точно како да ја идентификуваат вистинската публика и да ја привлечат со релевантни пораки. Оваа стратегија не само што ја зголемува свесноста за брендот, туку и помага во претворање на случајните посетители во лојални клиенти. “ – истакнува Брзанова.
Тоа што Сања го потенцира е токму потенцијалот, но и предизвиците кои TEMU ги предизвика кај македонските е-трговци.
“Мислам дека македонските трговци можат многу да научат од TEMU, особено кога станува збор за дигиталниот маркетинг. Една од првите работи што би ја истакналa е важноста на „data driven advertising“. Денес имаме толку многу алатки кои ни овозможуваат да разбереме како размислуваат и што бараат купувачите. Ако македонските трговци почнат да користат вакви алатки за анализа и креирање персонализирани реклами, мислам дека ќе видиме значителни подобрувања. Следно, да не заборавиме на инфлуенсер маркетинг, односно, ангажирање на локални инфлуенсери кои можат со својата содржина да влијаат на целната публика, како и на „UGC“ за што веќе спомнавме како TEMU активно го користи. За крај, корисничкото искуство е нешто што исто така, треба сериозно да се земе во предвид. E-commerce страниците треба да бидат лесни за користење, во денешно време никој нема време или трпение за комплицирани процеси. Со скратување или поедноставување на чекорите и олеснување на процесот на плаќање може многу да си помогнат сами на себе. Она што сигурно можеме да го заклучиме е дека влегувањето на TEMU во Македонија е како меч со две острици. Од една страна, платформата им нуди на македонските потрошувачи достапни производи и подобрено искуство при онлајн купување, но од друга страна, ја засилува конкуренцијата за локалните бизниси во е-трговијата. Ако локалните бизниси земат барем мала поука од успехот на TEMU имаат шанса останат да релевантни и конкурентни на пазарот.” – вели Брзанова.
ТEMU ја редефинира македонската е-трговија, но отвора и значајни предизвици
Додека платформата нуди директен пристап до производителите и ги елиминира посредниците, што овозможува пониски цени и подобро корисничко искуство, таа носи и одредени ризици кои не можат да се игнорираат.
Еден од главните ризици е потенцијалната нелојална конкуренција за локалните е-трговци, кои се соочуваат со зголемен притисок за намалување на цените, но без субвенционирани поштенски трошоцикакви што уживаат азиските компании, наспроти локалните – европски кои се соочуваат со повисоки трошоци за услогасување со европските стандарди. Покрај тоа, платформата отвора прашања за безбедноста на производите, особено затоа што голем дел од нив не ги исполнуваат европските стандарди за квалитет и безбедност.
Локалните потрошувачи се соочуваат со правни предизвици бидејќи TEMU не е регистрирана во Северна Македонија, што ја ограничува нивната заштита преку домашните закони. Ова значи дека при проблеми со производите или доставата, потрошувачите се оставени да ги решаваат овие прашања директно со платформата, честопати со значителни административни и времени бариери. Овие ризици истакнуваат дека иако TEMU носи значителни предности за македонските потрошувачи, внимателноста и добро информирање се клучни за избегнување на потенцијални негативни последици.
Ако локалните бизниси успеат да ги прилагодат своите стратегии, учејќи од успешниот модел на TEMU, тие можат да останат релевантни и конкурентни. Истовремено, одговорноста на потрошувачите и институциите за заштита на пазарот останува клучна за одржување на здрав еко-систем на е-трговија во Македонија.
Безбедноста на граѓаните
Од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во едно неодамнешно нивно излагање велат дека и кај нив сè уште никој не се пожалил од онлајн-пазарувањето на TEMU.
„Иако имаме сознанија дека голем број граѓани почнаа со купување производи на платформата TEMU, сепак сè уште е рано за некакви искуства, односно кај нас сè уште нема поплаки што се однесуваат на купувањето онлајн“, посочуваат од Организацијата.
Од таму предупредуваат дека граѓаните треба да бидат многу внимателни при пазарењето оти нарачуваат на сопствен ризик.
„Напоменуваме дека платформата е регистрирана во странска земја, односно не постои правно лице регистрирано во Република Северна Македонија, па со самото тоа не можеме да се повикуваме на домашните закони, кои се однесуваат на заштита на потрошувачите, односно не може да се поведе постапка преку Државниот пазарен инспекторат и други инспекциски служби. Граѓаните треба да се свесни дека при купување од платформата TEMU, доколку наидат на проблеми, ќе треба да ги решаваат со продавачот“ – додаваат од Организација на потрошувачите.
За тоа дали сите овие производи се безбедни и ги исполнуваат ЕУ стандартите сеуште немаме информација, но истражувањата, како она на Toy Industries of Europe (TIE), покажуваат дека дури 80% од играчките купени на популарни платформи како Shein, TEMU и AliExpress не ги исполнуваат европските безбедносни стандарди, претставувајќи сериозни ризици за здравјето, вклучувајќи токсични хемикалии и опасност од гушење.
По бојкотот на маркетите во петокот, кога прометот на осумте најголеми ланци на маркети падна за скоро 47 отсто, споредено со претходниот петок, граѓаните наредниот ден, саботата, вратија само мал дел од тоа што не пазареле кога бојкотираа.
Иако во јавноста имаше информации дека во саботата има наплив на граѓани во маркетите, сепак тие пазареле само 11,1 отсто повеќе споредено со саботата 25.01.2025 година.
Во бројки, еден ден после бојкотот се испазарило производи во вредност од 4,57 милиони евра, а седум дена претходно, за 4,1 милион.
Претходната сабота 4,1 милиони евра, а оваа сабота 4,57 милиони евра +11,2%.
Американката агенција за меѓународен развој УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на политиката во Македонија и се поддржувале левичарски агенди.
Ова тврдење според кое финансирањето се случувало во времето вториот мандат на Обама до 2016 година го објавува американската истражувачка новинарка и интернет личност Мериса Хансен на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
,,УСАИД даде речиси 15 милиони американски долари на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос само во последните четири години на функцијата на Обама, која спроведува обемна работа во регионот на Западниот Брег/Палестина – сепак финансирањето беше првенствено за операциите на Сорос во Албанија и Македонија.
Според веб-страницата на УСАИД, агенцијата дала над 18 милиони американски долари на програмата на Институтот отворено општество од 2005 до 2012 година, која работи на Западниот Брег, која се обидела да ги смести потенцијалните палестински докторанти на партнерските универзитети во Соединетите држави со откажана или намалена школарина”, пишува Хансен која пренесува тврдења според кои Сорос, преку неговите Фондации Отворено општество, влијаел на македонската политика, особено со тврдењата за финансирање насочени кон поддршка на левичарските политички партии или агенди.
,,Ова влијание беше искористено за поттикнување политички немири или притисок за промена на режимот, особено за време на политичката криза во Македонија околу 2015-2017 година.
Во март 2017 година, писмо до државниот секретар Рекс В. Тилерсон, шестмина американски сенатори го повикаа секретарот да ги истражи односите меѓу УСАИД и фондациите на Сорос и како американските даночни долари ги користат Стејт департментот и УСАИД за поддршка на левицата – политички групи од центарот кои се обидуваат да наметнат левичарски политики во земји како Македонија и Албанија”, пишува Хансен.
Со одлука на претседателот Трамп на 90 дена се прекинати сите проекти на УСАИД низ светот.
Во Македонија се запрени голем број на национални и регионални проекти вредни до 100 милиони долари.
Одлуката на Трамп може да има далекусежни последици за Македонија откако македонците почнаа да се плашат дека секоја фалба за Америка ги става во графата платени од владата во Вашингтон