Connect with us

Бизнис

Колку ќе изнесува новата минимална плата? Еве што најави министерот!

Published

on

Согласно Законот за минимална плата, износот на минималната плата се усогласува на почетокот на секоја календарска година.

Тоа значи дека од месец март вработените кои сега добиваат минимална плата, ќе добијат извесно покачување.

Денес, министерот за економија Бесир Дурмиши најави и дека по редовното усогласување на минималната плата, таа најверојатно ќе изнесува 24.400 денари.

Тоа ќе биде за околу 1.800 денари повеќе од актуелната минимална плата која е на износ од 22.567 денари. 

„Конечната сума на минималната плата која ќе важи од март наредната година ќе се знае откако ќе се земат податоците за инфлацијата и за просечната плата во 2024 година, по што ќе се усогласи минималецот “ вели Дурмиши.

Согласно истиот Закон, со корекција на минималната плата, треба да следи усогласување и на сите останти плати.

Бизнис

Бугарија ја зголеми значително минималната плата, но го врати и ДДВ-то што беше пред Ковидот

Published

on

Од денеска минималната плата во Бугарија е 1.077 лева или точно 550 евра, но се враќа данокот на додадена вредност кој беше намален како антикризна мерка во Ковидот.

Минималната плата се зголемува за 14,5 отсто. Одлуката беше донесена од Советот на министри минатата година. Се зголемува и прагот на сиромаштија и сега изнесува 326 евра.

Се враќа и стапката на ДДВ од 20 отсто за леб и ресторани, која беше намалена поради пандемијата „Ковид-19“ и остана така неколку години. Неговото враќање предизвика негодување меѓу производителите на леб и сопствениците на ресторани. 

Continue Reading

Бизнис

Првата плата на директорот на најмоќната швајцарска банка му била 360 евра, а сега јавноста плука по него

Published

on

Серхио Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка UBS, не планира да се пензионира и покрај тоа што наскоро ќе наполни 65 години. По турбулентната 2023 година и преземањето на Credit Suisse, Ермоти најавува дека ќе остане на чело на банката до 2027 година. „Иако веќе постигнав многу, морам повторно да се докажам. „Ова е голема одговорност“, рече Ермоти во неодамнешното интервју за швајцарскиот „Мигрос-магазин“. Неговиот работен ден започнува во 5:45 часот, а работното време често се протега и до 14 часа дневно. Тој не пропушта вежбање во теретана двапати неделно, одржувајќи ја дисциплината што го донесе на врвот на групата UBS.

Ермоти го виде своето враќање на чело на УБС по драматичното преземање Креди Свис во март 2023 година како негова должност. „Бев привлечен од можноста да учествувам во пишувањето на едно од најважните поглавја на глобалната финансиска индустрија“, објаснува банкарот кој веќе еднаш успешно го водеше UBS низ кризни времиња, од 2011 до 2020 година.

Неговата годишна плата од околу 15 милиони евра предизвика бурни реакции кај швајцарската јавност. Но, Ермоти, кој се сеќава на своите почетоци и неговата прва плата од 360 евра месечно како практикант во банката Корнер, не гледа проблем, пишува Блик. „Ја знам вредноста на парите и разбирам дека мојата сегашна плата не изгледа нормална за многу луѓе. „Понекогаш се прашувам зошто високите плати во бизнисот привлекуваат толку големо внимание, додека истите износи во спортот и шоуто се без коментар“, вели шефот на UBS.

Во врска со спојувањето на Credit Suisse со UBS, Ермоти посочува дека најголемиот предизвик е поврзувањето на компјутерските системи на двете банки во еден. Новата, обединета банка денес има значително помалку средства отколку пред финансиската криза во 2008 година, што ја прави постабилна и посигурна. Со капитал од речиси 200 милијарди долари за покривање на потенцијалните загуби, Ермоти убедливо тврди дека ризикот за даночните обврзници е минимален: „Дури и ако УБС има проблеми, речиси е невозможно даночните обврзници да изгубат франк“.

Ермоти ги отфрла критиките за прекумерната концентрација на моќ во рацете на УБС, потсетувајќи дека повеќе од 200 домашни и странски банки работат во швајцарскиот банкарски сектор. „Конкуренцијата е жива и здрава“, нагласува тој, додавајќи дека големите банки денес претставуваат фактор на стабилност, а не ризик во време на криза.

Continue Reading

Бизнис

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во пензија, ниту да ги зголемуваат давачките, што беше предлог на Фискалниот совет, но и дел од препораките на Светска банка. Фокусот е на политики за намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија со цел да се соберат повеќе пари во буџетот.

„Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има никаква дилема. Тоа треба сите да бидат сигурни дека ние политиките не ги менуваме инстант. Имаме аргументи, се разбира, не сме инаетливи па да речеме не може така кажавме, туку имаме аргументи. Најлесно е да се направи ова кое што е препорака на Фискалниот совет и дел од експертите на Светска банка дека треба да се зголеми данокот на додадена вредност, придонесите за здравствено и пензиско, да се зголеми старосната граница и слично. Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам да кажам дека сме апсолутно ликвидни“, рече Мицкоски.

Нагласи дека по долго време имало и суфицит во буџетот во октомври, околу 17 милиони евра.

„Најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме ако не ги исцрпиме сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се предвидливи и политики на долг рок. Апсолутно можам да ги уверам граѓаните дека и сега сегашниот закон овозможува за одредени професии да имаат пролонгирано заминување во пензија. Немаме намера да ги зголемуваме старосните граници, немаме намера да ги зголемуваме процентите со коишто ќе се зафаќа за придонесите здравствени и пензиски, немаме намера да го зголемуваме данокот на додадена вредност, немаме намера да интервенираме во успешната приказна наречена рамна даночна политика“, нагласи Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк