Connect with us

Македонија

Кочо Анѓушев: Работиме на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 години

Ексклузивно интервју на Кочо Анѓушев, сопственик и генерален директор на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, за Економист – Светот во 2025-та.

Господине Анѓушев, на прагот сме на новата година, кои се вашите очекувања за економијата во 2025?

2025 година поради состојбата во Европа ќе биде тешка за Македонија и македонската економија и за сите компании кои се врзани  со европскиот пазар заради тоа што во Европа, за жал, станува рецесија во индустријата и голем број компании ја намалуваат својата активност  од разни причини.

Во Македонија, на долг рок може да издржи индустрија која ќе прави производи со додадена вредност и производи со доволно голем квалитет за да може да се спротивстави на целиот свет.

Како влијаеја инфлацијата, високите каматни стапки, економското забавување и геополитичките конфликти во 2024 г врз Вашите компании?

Феро Инвест се занимава со две главни дејности, едната е метална индустрија, другата е енергетика, и во двете дејности влијанието беше различно. Но најмногу негативно влијание се почувствува во металната индустрија, односно во фабриката Брако, која е извозно ориентирана и тоа над 95% од своето производство.

Се почувствува дека во Европа економијата е значително забавена  посебно во металната индустрија, машини, автоматизација, дека инвеститорите се многу воздржани, така што во споредба со претходните години се намали продажбата и над 50% на нашите клиенти, кои се со генерации големи и познати фирми, а со тоа и нивните нарачки кон нас. Ние се обидовме тоа да го компензираме со зголемување на продажбата на возилата и да влегуваме на што повеќе пазари.

Но, сè на сè, успеваме да се справиме со предизвиците поради тоа што имаме дисперзирани производи, голем број производи, различни производи, учество на голем број пазари, Брако извезува во 60 држави, и на тој начин успеавме да одржиме континуитет во производството и овие услови да ги преживееме.

Ако традиционалните европски пазари забавуваат, каде Вие ги гледате потенцијалите за поголем извоз? 

Треба да се оди кон пазарите кои можат да купат. Брако со возилата за чистење Грин Машинс претходната година влезе на два пазари што не се традиционални за македонската економија. Тоа е пазарот во Мексико, која е земја во развој и земја каде што се пресели голем дел од производството од САД и од Канада. Исто така, Саудиска Арабија. Во главниот град Ријад продадовме над 40 возила. Тука се и Индонезија, Тајланд итн.

Кој е вашиот пристап за да држите примат во областа на енергетиката и технолошките решенија? 

Јас сум инженер, и во мојата работа секогаш ги комбинирам инженерското знаење, мојата страст за иновации и страста да изнаоѓам нови решенија, и многу важно – ја согледувам големата слика, бидејќи ништо не важи само за една земја, особено во енергетиката.

Таа е работа која е, јас би рекол, и континентална, зборувам за Европа, и во таа смисла морате да можете да ги предвидите трендовите.

Ние уште пред две години почнавме да работиме на батериските системи кои сега стануваат актуелни.

А уште отсега најавуваме дека во иднина, во следните 5 – 6 години ќе треба да се размислува на интегрирани, вертикални, компактни енергетски решенија. Да речеме, на закуп на складирање, закуп на фотоволтаици, на виртуелни производители, виртуелни електрани, сето тоа може да звучи малку апстрактно, но ние во Феро Инвест сме прилично сигурни дека работата ќе оди во тој правец.

Кои се најновите проекти на Феро Инвест поврзани со обновливите извори на енергија?

Батериските системи за складирање електрична енергија, и тоа на четири нивоа. Едно ниво за домаќинства, оние домаќинства кои трошат во четвртата група каде што цените се највисоки, а тоа се поголеми куќи, поголеми објекти. Втората група се фабриките, кои имаат поставени фотоволтаици, или, пак, сè уште немаат, но тие својата потрошувачка на електрична енергија ја оптимизираат по цена и количина.

Понатаму, фотоволтаични електрани изградени на земја, па да се надградат со батериски системи, или веднаш новите електрани што се градат да се изведуваат веќе со батериски системи во нив, и тоа е третата група. И последно, да се прават само сториџи, односно клиентот да прави енергетски сториџ (склад) за свои потреби. Последните две ќе ги почекаат законските решенија за да можат да се градат во Македонија.

Текст: Економист – Светот во 2025-та

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading

Македонија

Владата доби нови министри: Хоџа на чело на животната средина, Сали за евроинтеграции

Собранието на денешната 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за евроинтеграции. По гласањето, двајцата новоизбрани министри дадоа свечени изјави пред пратениците.

Предлогот за нивниот избор го образложи премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека со ова се заокружува и функционално се екипира Владата, со цел обезбедување континуитет во работењето на клучните ресори.

За Мухамет Хоџа, премиерот нагласи дека станува збор за кадар со долгогодишно искуство во државната управа и извршната власт, со раководни ангажмани во повеќе институции. Според Мицкоски, неговото професионално искуство гарантира добро познавање на процедурите, меѓуинституционалната соработка и усогласувањето на јавните политики, што е особено важно за ресорот животна средина и просторно планирање, кој има значајна улога во одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Говорејќи за Беким Сали, премиерот потсети дека тој има претходно министерско искуство, како и тековен ангажман во законодавната власт, што му овозможува јасно разбирање на односите меѓу извршната и законодавната власт. Ова, според Мицкоски, е од особено значење за ресорот евроинтеграции, кој има координативна улога во процесите поврзани со европската интеграција и реформските обврски на државата.

Изборот на новите министри следува по локалните избори одржани во октомври, по кои Изет Меџити ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир, со што се отворија позициите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.

Continue Reading

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации.

Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.

Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро.

ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг