Connect with us

Македонија

ПРАВАТ ТЕНДЕНЦИИ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА САМО ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД ПРАВДАТА Меџити за интерпелацијата од ДУИ

Published

on

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по најавата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека ќе му поднесе интерпелација, на новинарско барање коментираше дека е демократски чекор што опозициската партија го користи само за партиска корист и спротивно на државните интереси.

ДУИ најави дека ќе поднесе интерпелација за министрите Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ.

– Интерпелацијата е демократски механизам и ние поддржуваме такви демократски методи, но за жал, тоа е покренато од една недемократска партија која веќе се соочува со големи проблеми и од бројот на тие што се на црната листа преовладуваат токму во овие структури и место да се засрамат и како да ги направат реформите да излезат од ова тешка ситуација, тие напротив сè уште прават тенденции за дестабилизација и магла само да се спасат од правдата – изјави Изет Меџити од Тетово.

Тој оцени дека Владата е посветена на зајакнување на децентрализацијата како дел од спроведување на Рамковниот договор.

– И тоа го покажуваме и докажуваме секој ден, како и денес во Тетово, со ваква поддршка што не било во минатото. Економски развој, иста така, борба против корупцијата, каде што веќе се видливи резултатите и мислам дека ова беше болката на нив. Не мислеа на граѓаните, туку мислеа како да се спасат од кривичните дела за коишто треба да одговараат, но сакам утре да ги слушаме, но мислам дека денес е ставен печатот и од нивниот довчерашен партнер, Социјалдемократскиот сојуз, што се огради и кажа дека главата на корупција е Демократската унија за интеграција – истакна Меџити.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити денеска во просториите на Општина Тетово имаше состанок со градоначалникот Биљал Касами, а потоа заедно беа на увид во тековните градежни активности на булевар Видое Смилевски Бато.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк