Connect with us

Uncategorized

Гешовски за „Блумберг“: Нелојална конкуренција на пазарот со поштенски услуги

На пазарот со поштенски услуги владее страшна нелојална конкуренција, а иако се едни од најбрзорастечките бизнис-сектори како последица на развојот на е-трговијата, логистиката и доставата изминативе години не добиваатникаква поддршка од државата, изјави за „Блумберг Адриа“Игор Гешовски, сопственик на најголемата компанија за поштенски услуги Еко логистик сервис (ЕЛС). 

Изјавата следува по објавата на најновиот извештај за е-трговија во Западен Балкан кој го изработува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), а кој покажа дека доставата и логистиката  и понатаму остануваат најголем предизвик за е-трговците во Македонија и во регионот.

„Од нигде никаде се појавуваат фирми што без никаквалиценца за работа почнуваат да оперираат на пазарот запоштенски и курирски услуги и уште јавно се рекламираатдека станале официјални доставувачи за некои брендови. Згора на сѐ, државата упорно ја форсира државната пошта, која одамна е изгубен случај, тежок загубар и немакапацитет да ги задоволи потребите на денешната е-трговија, наместо да направи нејзино модернизирање, реструктурирање, или едноставно нека ја продаде на некојшто ќе има пари и знаење да го работи овој бизнис како штотреба“, вели Гешовски за „Блумберг Адриа“.

Според информациите од Агенцијата за пошти, во моментов, меѓу другото, се води постапка за поштенска компанија со седиште во Србија, која во земјава врши испораки од неколку познати брендови за облека, а нема лиценца за испорака на пратки во Македонија. Овапрактично значи дека компанија без лиценца располага и со личните податоци на македонските граѓани кои извршиле нарачки. Од друга страна, пак, домашна поштенска компанија која, според регистарот, нема лиценца за меѓународен транспорт, од неодамна почна да носи пратки од странство, за што се очекува да се отпочне постапка пред Агенцијата за пошти, која е надлежна за издавање на лиценците на давателите на поштенски услуги. 

Во процесот на достава недостигаат работници

Просецот на доставата вклучува повеќе чекори – обработка на нарачките, пакување, транспорт и испорака до крајната дестинација – и сите тие се од суштинско значење за обезбедување беспрекорно искуство за клиентите.

Гешовски за „Блумберг Адриа“ вели дека ЕЛС постојано вложува во унапредување на бизнисот, сивата економија, но дека извесни „чудни регулативи го кочат развојот на логистиката и доставата“.

„Јас се борам сам како знам и умеам, вложувам во машини за сортирање, пакување, бележење и во друга опрема потребна за развој на модерна логистика. Од друга страна, вие имате на дневна основа сѐ уште илјадници пратки што се ‘разнесуваат’ преку таксисти, возачи на автобуси, комбиња итн. на ‘традиционален начин’. Колку губат логистичките компании поради оваа практика, колку губи државата од ненаплатени давачки и сл.“, вели Гешовски за „Блумберг Адриа“ и додава дека, како и во сите други бизнис-сектори, и тие мака мачат со наоѓањето работници.

Како дел од Извештајот за е-трговија во Западен Балкан беше спроведена анкета на е-трговците од Западен Балкан, арезултатите покажуваат дека предизвиците на е-трговците од Западен Балкан се речиси исти за сите. Најголем предизвик претставува доставата и тоа во однос на проблеми со брзината на достава, високите цени на доставата, доверливоста на курирските услуги, ограничените опции за достава, како и ниското ниво на професионалност на кадарот на доставувачи.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг