Connect with us

Македонија

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА за проституција и трговија со дрога, во нив и ПОЛИЦАЈЦИ

Published

on

По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на РСМ, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице.

Седуммина обвинети како членови на злосторничко здружение сториле кривично дело Посредување во вршење проституција, од кои четворица се обвинети и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело, а за кое дело се обвинува и правното лице. Останатите двајца припадници на групата се обвинети за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, додека на полицискиот службеник освен злосторничко здружување му се става на товар и кривичното дело Оддавање службена тајна.

Организираната група ја создал првоосомничениот, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата која во временскиот период од 2020 година до октомври 2024 година се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а дел од обвинетите ги прикривале нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела. Членови на криминалната група биле и две службени лица – затворски полицаец и полициски службеник.

Во текот на истражната постапка, тројца од осомничените го признаа извршувањето на делата и се спогодија со обвинителството. Врз основа на предлог спогобите на две лица за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори им се изречени затворски казни во траење од 2 години и 3 месеци и од 1 година и 8 месеци, а службеното лице е осудено на казна затвор во траење од 1 година и 8 месеци за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Оддавање службена тајна. За осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот постапката е прекината до негово пронаоѓање.

Во постапката се определени мерки кон вреден недвижен имот во Тетово и Гостивар, вреден подвижен имот – возила, накит и часовници од значителна вредност, како и парични средства и други предмети што потекнуваат и се принос од кривичните дела.

Имајќи ги предвид околностите, поврзаноста на обвинетите и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител цени дека во моментот мерката притвор е единствена со која во моментот може да се обезбеди присуство на обвинетите и непречено водење на постапката истата, па му предложи на судот истата да биде продолжена за секој од нив.

Македонија

Ренџерите од НП Шар Планина се обучија како да се справат со ЛАВИНИ

Published

on

Со цел зголемување на личната безбедност во зимски услови, неделава, ренџерите од Националниот парк (НП) Шар Планина поминаа обука за стекнување знаења и вештини при појава на лавини. Оттаму велат дека снегот, што особено годинава го има во изобилство, е постојан ризик од појава на лавини во повисоките планински подрачја, па затоа била потребата за ваква обука.

– Обуката пред сè беше наменета за личната безбедност на ренџерите затоа што тие се движат низ планината и по терени каде има потенцијален ризик од лавини. Тоа не значи дека намерно одат натаму меѓутоа никогаш не може да се знае што ќе се случи. Обуката ја правеше еден од нашите вработени кој веќе има поминато ваква обука. Тој ги обучуваше своите колеги како да ја користат опремата која ја имавме набавено минатата година, како да прават лавински профили, стабилност на снежна покривка, откопување на затрупани лица од лавина, информираше Анела Ставреска Панајотова, раководител на секторот за заштита на природата при НП Шар Планина.

Брзото интервенирање при појава на лавина, односно реакција најмногу 15 минути по случувањето е клучната можност за спасување човечки живот.

– Лавинската опасност е еден од најголемите ризици во зима, но, поради оддалеченоста на терените, периодот за да спасиш некого кој е затрупан од лавина е многу краток, најмногу 10 до 15 минути, што значи дека спасувачот треба да биде присутен на самото место за успешно да реагира, односно да се спаси животот на затрупаниот. Затоа скијачите, планинарите и другите посетители на планината, да не се охрабруваат и да одат на ризични терени со мисла дека ако бидат затрупани од лавина некој ќе ги спаси. Затоа оваа обука беше наменета за личната безбедност на вработените од Националниот парк кои се движат низ планината и на потенцијално опасни места. Затоа тие со себе носат трекер, па доколку биде затрупан, преку сигналот кој го емитува трекерот, со помош на сонда брзо да биде пронајден од своите колеги и да биде спасен, вели Анела Ставреска Панајотова.

Таа вели дека секој наклон на снегот поголем од 30 степени е потенцијален ризик од лавина, а на Шар Планина има повеќе такви места. Националниот парк Шар Планина има површина од 63.000 хектари.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Училиштата во Битола подготвени за нови успеси – инвестиции во подобри услови за учениците

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, каде заедно со директорот Златко Крстевски, ги претставија најновите инвестиции во подобрување на условите за образование.

Во рамките на проектите реализирани во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, целосно се реновирани четири работни простории и два кабинети, вредни 1.600.000 денари. Реновирањето опфати нови подови, ѕидови, тавани, како и замена на електричната инсталација.

Покрај тоа, набавени се нагледни средства во износ од 250.000 денари за практичната настава на учениците од агрономските насоки, компјутерска опрема од 70.000 денари и нов училишен инвентар вреден 65.000 денари.

„Ова е само дел од нашата посветеност кон подобрување на условите во училиштата. Работиме на нови проекти, вклучително и реконструкција на спортски сали и игралишта, со цел да им овозможиме на учениците и наставниците средина во која ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси,“ истакна Коњановски.

Директорот Крстевски се заблагодари за соработката со општината, која е клучен партнер во поддршката на квалитетното образование и професионалниот развој на учениците.

Continue Reading

Македонија

Кафеанска тепачка, насилник со стаклени шишиња истепал познаник

Published

on

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 29.12.2024 околу 21 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк