Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: Заедничка посветеност за стабилност и безбедност на граѓаните

Published

on

Денеска, на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи, под раководство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се дискутираше за унапредување на кризниот менаџмент. На настанот присуствуваа високи претставници од Владата, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, како и национални институции.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, ја истакна потребата од заедничка работа меѓу централната и локалната власт за изградба на ефикасен систем за справување со кризи. Како клучни приоритети, тој ги посочи реформите во противпожарната заштита, подобрување на инфраструктурата и создавање финансиски одржливи механизми за заштита и спасување.

Со обезбедување ново противпожарно возило, простор за противпожарна станица и мултифункционален багер за расчистување на речните корита, општина Кисела Вода покажа проактивност, но Ѓорѓиевски потенцира дека е неопходна поголема поддршка од централната власт за надминување на системските предизвици.

“Превенцијата е клучниот елемент за справување со кризи. Само преку заедничка посветеност ќе обезбедиме стабилност и безбедност на нашите граѓани,” истакна Ѓорѓиевски.

Македонија

Цело Куманово без струја

Published

on

Во Куманово се случил дефект на далековод, што доведе до прекин на снабдувањето со електрична енергија низ целиот град.

Екипи веднаш излегле на терен и работат на лоцирање и отстранување на дефектот.

Се очекува нормалното снабдување со струја да биде обновено во најкраток можен рок.

Continue Reading

Македонија

Партијата на Македонците во Албанија побара да се забранат активностите на бугарската фондација која работи на асимилација на Македонците во Албанија

Published

on

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која ги застапува и заштитува правата на македонската заедница, побара од албанските власти под итно да ја забранат активноста на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, при тоа изразувајќи „длабока загриженост за тековните напори на бугарските власти и споменатата фондацијата да ја асимилираат македонската заедница“.

-Директно му се обраќаме најпрво на премиерот Еди Рама од кого уште еднаш бараме итна интервенција, негова и на надлежните институции да ги прекинат активностите на фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзината криминална мрежа во областите каде што живее македонската заедница. Овие активности претставуваат сериозно мешање во внатрешните работи на Албанија, ја поткопуваат етничката толеранција и сериозно ја нарушуваат меѓузаедничката хармонија која отсекогаш била една од највисоките вредности на нашата земја, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Според него, во дописот се потсетува дека на 24 јануари 2024 година, партијата упатила писмо во кое ја изразува големата загриженост во врска со „различните методи што ги користат овие структури, вклучително и коруптивни активности и неприфатливи притисоци врз македонската заедница во Албанија“.

-Конкретно, фондацијата „Бугарска меморија“, поддржана од различни бугарски структури, е вклучена во корупција на албанските функционери преку донации, со цел да се создаде криминална мрежа која се занимава со асимилација на Македонците во Албанија, манипулација со пописните податоци во областите со македонско малцинство и издавање лажни потврди за бугарско потекло и помош во бизнисот со бугарски пасоши. За жал, и покрај нашите барања за интервенција на албанските институции за запирање на овие активности и уништување на оваа структурирана криминална мрежа, до денес не е преземена конкретна акција. Напротив, фондацијата продолжува да ги врши своите незаконски активности под премолчена заштита или отворена поддршка на државните институции, посочува Стерјовски.

Нагласува дека ситуацијата ескалирала уште повеќе, бидејќи фондацијата поднесе тужба против партијата барајќи отштета од 10.000 евра и јавно извинување за оштетувањето на нејзиниот имиџ. Првото рочиште, за овој предмет, е закажано за 18 февруари 2025 година во Основниот суд во Корча.

-Денеска оваа структурирана криминална група, вклучена во наведените незаконски активности, се обидува да влијае и на парламентарните избори на 11 мај 2025 година, со цел преку албанските политички партии да вметне свои претставници во албанскиот парламент, додава Стерјовски, образложувајќи го за МИА текстот на дописот.

Дописот е упатен и до шефот на државата, Бајрам Бегај, до претседателката на парламентот, Елиса Спиропали, до министрите за Европа и надворешни работи, Игли Хасани и внатрешни работи, Ервин Хоџа, до народниот правобранител Ерлинда Баланца, комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда.

Заради запознавање со „оваа загрижувачка состојба“ и соодветна реакција дописот е доставен и до меѓународните претставници во Тирана, делегацијата на ЕУ, мисијата на ОБСЕ, канцеларијата на Советот на Европа, американската и амбасадите на земјите од Европската Унија во Тирана и секако до македонската амбасада, како и Секретаријатот на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Стразбур.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Разговаравме со Европската инвестициска банка за унапредување на енергетскиот сектор

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка. На средбата се дискутираше за тековните проекти, како и за нови потенцијални инвестиции во енергетскиот сектор на нашата земја.

Во фокусот на разговорите беа можностите за финансирање на проекти кои ќе придонесат за унапредување на енергетската инфраструктура, како и за обезбедување на одржлива и енергетски независна иднина.

„Заедно работиме на создавање енергетски стабилна и одржлива иднина за нашата земја,“ изјави министерката Божиновска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк