Connect with us

Македонија

Цело Куманово без струја

Published

on

Во Куманово се случил дефект на далековод, што доведе до прекин на снабдувањето со електрична енергија низ целиот град.

Екипи веднаш излегле на терен и работат на лоцирање и отстранување на дефектот.

Се очекува нормалното снабдување со струја да биде обновено во најкраток можен рок.

Македонија

Нов скандал со Дрин Ахмети откриваат од ВЛЕН

Published

on

Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освен на злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за едно важно прашање поврзано со економската активност на компанијата “Еверест ЈД“ ДООЛ, која е во сопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапните информации, ова компанија не го платила концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини на локацијата “Буковиќ“, со што ги прекршила закон

„Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик на нетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.

Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи со несаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијание врз институциите кои треба да бидат целосно независни и не засегнати во работата на правосудството“, тврдат од ВЛЕН

Continue Reading

Македонија

Европол предупредува: Недвижнините како МАСТЕР ШЕМА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ НА КРИМИНАЛЦИТЕ

Published

on

Организираниот криминал и криминалот воопшто генерираат огромни суми пари, а заплената на криминалните средства ширум светот е исклучително мала. Поконкретно, се претпоставува дека агенциите за спроведување на законот успеваат да запленат само два отсто од годишната заработка на криминалците од незаконски активности. Останатите 98 отсто, како што предупредува Европол, обезбедуваат гориво за организираниот и друг криминал за да продолжи ширењето на таквите активности, пренесе Пословни дневник.

Размена на информации

Европол предупредува и дека најопасните криминални мрежи во ЕУ користат недвижности како еден вид мастер шема за перење на сите незаконски и неоданочени профити, а претпоставката на Европол е дека 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари. Поради сето горенаведено, се појави потребата од започнување на проектот A. S. S. E. T. (Asset Search & Seize Enforcement Taskforce), чија главна задача е пребарување, идентификување и запленување на имотот заработен од криминал.

Во проектот биле вклучени повеќе од 80 финансиски експерти од целиот свет заедно со Европол.

Ним им се придружиле 43 агенции за спроведување на законот од 28 земји и различни меѓународни операции, вклучувајќи ги Европравда и Интерпол. Целта на проектот е размена на информации за идентификации и замрзнување и конфискација на криминални средства на сите можни начини. Биле проучувани и нови начини на работа и шеми што се користат во перење пари.

Во текот на нивната заедничка работа, вештаците успеале да идентификуваат 53 имоти за кои постои сомневање дека се купени со пари од криминални активности, при што е утврдено дека осум од нив се во вредност од 38,5 милиони евра.

Запленети се и криптовалути

Дополнително, откриени се 220 банкарски сметки, од кои една со 5,6 милиони долари, 15 фирми користени како фронтови за перење пари, повеќе од 20 јахти и луксузни возила, при што е утврдено дека четирите запленети транспортни средства вредат над 600.000 евра.

Откриени се и 83 адреси и паричници на криптовалути, а замрзнати се 200.000 евра криптовалути… Колку е важно запленувањето на криминалните средства, доказ е неодамнешната акција на Европол против нарко-картелите, кога беа запленети 27 милиони евра криптовалути.

Continue Reading

Македонија

Лотарија под Перпарим Бајрами ТРОШЕЛА МИЛИОНИ ЗА ЗАКУП, а давале еден куп пари и за спонзорства

Published

on

АД Државна лотарија под водство на Перпарим Бајрами, поранешниот директор кој е недостапен за органите на прогонот, трошоците за услуги и за работење за една година ги има зголемено од 6 на 11 милиони евра, пренесе Фактор.

Како што наведуваат ова за прв пат може да се види откако акционерското друштво пред неколку дена го објави ревизорскиот извештај за своето работење од пред една година на платформата на „Македонска берза“. Таму пишува дека трошоците за работењето, односно за продажба, се зголемени од 361 милиони на 670 милиони денари до крајот на 2023.

Трошоците за закупнини се зголемени од 14 милиони на безмалку 54 милиони денари, односно 900.000 евра. Услугите за одржување пораснале од 11,3 на 31,1милиони денари. За реклами и промоции биле издвоени 130 милиони, а една година претходно тој трошок изнесувал 47,5 милиони денари. „Провизии за продажба“ како услуга е прикажана во висина од 105 милиони денари, а претходно за тоа биле платени околу 67 милиони. За транспортни и комунални услуги биле потрошени 700.000 евра, а една година пред тоа тоа било двојно помалку. 

Спонзорствата и донациите биле речиси двојно зголемени од 25,6 на 48,2 милиони денари.  Ставката „платени посебни давачки и надомести“ изнесува 935.000 евра, а претходно за ова не биле платени ниту цели 300.000 евра. За „професионални услуги“ исплатен е речиси еден милион евра, а една година претходно само 350.000 евра.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк