Connect with us

Македонија

Партијата на Македонците во Албанија побара да се забранат активностите на бугарската фондација која работи на асимилација на Македонците во Албанија

Published

on

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, која ги застапува и заштитува правата на македонската заедница, побара од албанските власти под итно да ја забранат активноста на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, при тоа изразувајќи „длабока загриженост за тековните напори на бугарските власти и споменатата фондацијата да ја асимилираат македонската заедница“.

-Директно му се обраќаме најпрво на премиерот Еди Рама од кого уште еднаш бараме итна интервенција, негова и на надлежните институции да ги прекинат активностите на фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзината криминална мрежа во областите каде што живее македонската заедница. Овие активности претставуваат сериозно мешање во внатрешните работи на Албанија, ја поткопуваат етничката толеранција и сериозно ја нарушуваат меѓузаедничката хармонија која отсекогаш била една од највисоките вредности на нашата земја, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Според него, во дописот се потсетува дека на 24 јануари 2024 година, партијата упатила писмо во кое ја изразува големата загриженост во врска со „различните методи што ги користат овие структури, вклучително и коруптивни активности и неприфатливи притисоци врз македонската заедница во Албанија“.

-Конкретно, фондацијата „Бугарска меморија“, поддржана од различни бугарски структури, е вклучена во корупција на албанските функционери преку донации, со цел да се создаде криминална мрежа која се занимава со асимилација на Македонците во Албанија, манипулација со пописните податоци во областите со македонско малцинство и издавање лажни потврди за бугарско потекло и помош во бизнисот со бугарски пасоши. За жал, и покрај нашите барања за интервенција на албанските институции за запирање на овие активности и уништување на оваа структурирана криминална мрежа, до денес не е преземена конкретна акција. Напротив, фондацијата продолжува да ги врши своите незаконски активности под премолчена заштита или отворена поддршка на државните институции, посочува Стерјовски.

Нагласува дека ситуацијата ескалирала уште повеќе, бидејќи фондацијата поднесе тужба против партијата барајќи отштета од 10.000 евра и јавно извинување за оштетувањето на нејзиниот имиџ. Првото рочиште, за овој предмет, е закажано за 18 февруари 2025 година во Основниот суд во Корча.

-Денеска оваа структурирана криминална група, вклучена во наведените незаконски активности, се обидува да влијае и на парламентарните избори на 11 мај 2025 година, со цел преку албанските политички партии да вметне свои претставници во албанскиот парламент, додава Стерјовски, образложувајќи го за МИА текстот на дописот.

Дописот е упатен и до шефот на државата, Бајрам Бегај, до претседателката на парламентот, Елиса Спиропали, до министрите за Европа и надворешни работи, Игли Хасани и внатрешни работи, Ервин Хоџа, до народниот правобранител Ерлинда Баланца, комесарот за заштита од дискриминација Роберт Гајда.

Заради запознавање со „оваа загрижувачка состојба“ и соодветна реакција дописот е доставен и до меѓународните претставници во Тирана, делегацијата на ЕУ, мисијата на ОБСЕ, канцеларијата на Советот на Европа, американската и амбасадите на земјите од Европската Унија во Тирана и секако до македонската амбасада, како и Секретаријатот на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Стразбур.

Македонија

Падна во рацете на полицијата: Тетовец фатен со хероин!

Published

on

На 21.01.2025 во 21.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(44) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Полицијата влезе по Тетовските бутици: Одземена облека со логоа на познати брендови!

Published

on

На 21.01.2025 во период од 13.30 до 14.00 часотво централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во објекти за продажба на текстилна облека, сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Делови од Тетово и тетовско утре без струја

Published

on

Утре, 23 јануари 2025 година (четврток), делови од Тетово и околните населени места ќе останат без струја поради планирани технички зафати. Прекинот ќе трае неколку часа, а граѓаните се замолуваат за разбирање.

дел од с.Слатино прекин од 09:00 до 11:30 часот

објект на МакПетрол на излез од градот и околината прекин од 09:30 до 13:00 часот

објект на Мебел Дизајн на пат за с.Брвеница прекин од 11:00 до 13:00 часот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк