Wednesday, February 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски и САД повторно во дијалог: Договор на повидок?

by Уредник
05.03.2025
in Uncategorized

Украинските и американските тимови започнаа подготовки за претстојниот состанок, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, веќе одржал разговор со американскиот советник за национална безбедност, Мајк Валц, а првите резултати се очекуваат следната недела.

Ова е првиот контакт по минатонеделниот прекин на дијалогот меѓу Киев и Вашингтон, откако пропадна обидот за договор за експлоатација на украинските минерали, што требаше да води кон примирје со Русија. Иако Зеленски ја напушти Белата куќа без договор, подоцна испрати писмо до американскиот претседател во кое нагласи дека Украина е подготвена за брзи мировни преговори.

Најновите сигнали наидоа на реакција од Кремљ – портпаролот Дмитриј Песков оцени дека ова е „позитивен чекор“, но нагласи дека сè уште постојат правни и политички пречки. Белорускиот претседател Лукашенко пак, изрази подготвеност Минск да биде домаќин на трилатерална средба меѓу САД, Украина и Русија.

Во исто време, францускиот претседател Емануел Макрон размислува за заедничка посета на Вашингтон со Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, а неговата влада порача дека „се поставуваат основите за дијалог за траен мир“.

Во говор пред Конгресот, претседателот Доналд Трамп потврди дека Зеленски му напишал писмо во кое изразил подготвеност за брзи мировни преговори со Русија, како и прифаќање на договорот за критичните минерали со САД како дел од потенцијалниот компромис.

Во меѓувреме, Макрон телефонски разговараше и со Трамп и со Зеленски, нагласувајќи ја „решителноста на Франција да работи со сите страни за постигнување на цврст и траен мир во Украина“.

Next Post

Две возила во пламен во Скопје – бензин од „Рено“ запали и „БМВ“!

Макрон ја предупреди Европа: “Мора веднаш да се подготвиме”

Макрон ја предупреди Европа: "Мора веднаш да се подготвиме"

Препорачани Вести

Еве каде би можел да заврши украдениот накит од Лувр: Само три држави се во прашање

Еве каде би можел да заврши украдениот накит од Лувр: Само три држави се во прашање

4 months ago

ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ИСЧЕЗНУВА?

8 months ago

Популарни Вести

  • Занаетчиите загрижени: Наглото зголемување на минималецот може да ги затвори дуќаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски се сретна со турскиот амбасадор Улусој – разговори за инвестиции и економска соработка во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сведоштвото на Павел Шатев за Гоце Делчев објавено во „Нова Македонија“ во 1945

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • “Самсунг“(Samsung) ги поврзува спортистите и фановите со моментите од Милано Кортина 2026 преку мобилна иновација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СКРИЕНИ ДЕТАЛИ: Еве што ќе видите ако ги осветлите банкнотите од 200 и 2000 денари со УВ светлина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.