Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа!

by Уредник
12.09.2025
in Uncategorized
Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа!

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, додека Ристо Пенов е носител на коалиционата листа. Информацијата Трајановски денеска ја објави на своите профили на социјалните мрежи.

Во продолжение неговата објава на Фејсбук.

Почитувани пријатели, другари и сограѓани на нашето Скопје,

Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Скопје, од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР.

По 8 години активно работење во Советот на Град Скопје – со бројни иницијативи, предлози и проекти , со средби и размена на искуства со градоначалници од повеќе од 30 европски градови , како и со учество на обуки и семинари за развој и унапредување на локалната самоуправа – денес сум подготвен да понудам конкретни решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, градот и јавните претпријатија.

Особено ми е чест што како носител на нашата листа ќе биде господинот Ристо Пенов, човек кој веќе остави длабок белег на овој град . Заедно ќе понудиме конкретни и ефикасни решенија за подобар живот во главниот град.

Нашата визија е:

Современо и одговорно Скопје

Отворен град за граѓаните

Ефикасен јавен превоз

Модерно управување со отпадот

Почит и соработка со сите општини

Решавање на реалните проблеми на сите граѓани

Заедно можеме да изградиме Скопје какво што заслужуваме – модерен, функционален и жив град за сите нас!

Next Post

ОКТА најголем добитник, индустриските акции во пад

Божиновска: Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Препорачани Вести

Врачене наградите за најдобрите волонтери во Битола

2 months ago

Ѓорѓиевски: Скопје заслужува обнова, достоинство и посветено водство

6 months ago

Популарни Вести

  • Македонија денеска го дознава противникот за баражот за СП 2027 во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре „Сејф Сити“ официјално казнува: Високи глоби за брзо возење, црвено и непрописно паркирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отежнат сообраќај поради одрон и магла – предупредување од АМСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали ова е последното предупредување од Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не го вратил изнајмениот автомобил: Кривична пријава за 38-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.