понеделник, септември 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Почина двегодишното дете повредено од залутан куршум на новогодишната ноќ

by Redakcija
02.01.2026
in Црна Хроника

Утрово на една од скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, кога, според првичните информации, било погодено од залутан куршум додека гледало огномет.

Инцидентот се случил додека детето било надвор со својата мајка, која го држела во раце во моментот кога метален проектил, најверојатно куршум, го погодил детето. По настанот, тоа итно било пренесено во болница.

Првично било згрижено во Градската болница, но поради тежината на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите утврдиле обемно крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори. Детето се наоѓало во критична, животозагрозувачка состојба и било под постојан медицински надзор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно изјави дека станува збор за еден од најсериозните инциденти регистрирани за време на новогодишната ноќ, посочувајќи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент, а околностите под кои дошло до трагедијата сè уште се предмет на истрага.

Извор: СкопјеИнфо

Related Posts

Со службени возила пренесувале огревно дрво до домовите, кривична пријава за двајца вработени во „Национални шуми“

05.09.2026

Акција на полицијата во Охрид: Приведен Турчин осомничен за проституција

05.09.2026

Пет лица лишени од слобода во Галичник – во шаторите пронајдени марихуана, кокаин, печурки и таблети

05.09.2026

Двајца кавадарчани приведени на „Тиквешки гроздобер“

05.09.2026

Трагедија во БиХ: Седумгодишно дете загина при превртување на четирицикл

05.09.2026
13-годишно девојче од Куманово ја претепало својата баба и се заканувало со остар предмет на семејството

Тројца полицајци повредени во сообраќајка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје

04.09.2026

Препорачани Вести

Стентон Градба го реализираше новиот индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

3 месеци ago

Хорор во Скопје: 14-годишно момче избодено со нож и претепано до бессознание без никаква причина

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Робот се обиде да ѝ ја украде чантата на баба – бегството заврши урнебесно

    (ВИДЕО) Робот се обиде да ѝ ја украде чантата на баба – бегството заврши урнебесно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија гради пет автопати истовремено, наскоро започнува и шестиот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Го загуби џудо-мечот, па го нокаутира противникот со тупаници: Германски олимписки репрезентативец со скршена вилица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 7 септември: Ден на нови почетоци, важни вести и љубовни пресврти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОН ја менуваат светската карта: Каде е Русија во големата промена?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.