понеделник, август 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ЦУК: Замрзнати коловози предизвикаа над 20 сообраќајни незгоди во тетовско-гостиварскиот регион

by Redakcija
03.01.2026
in Црна Хроника

Поради пад на температурите и замрзнати коловози, во изминатото деноноќие во северозападниот дел на земјата беа регистрирани бројни проблеми во сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Полициската станица Тетово биле пријавени четири сообраќајни незгоди со материјална штета, меѓу кои две на автопатот Тетово–Гостивар, вклучувајќи и една верижна незгода со 10 возила. По една незгода е евидентирана на локалниот пат Пирок–Боговиње и на патот Тетово–село Требош. Од Полициската станица Гостивар биле пријавени 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид, а за пет не бил побаран поради договор меѓу страните.

Граѓани од Тетово, Гостивар и околните населени места пријавувале замрзнати споредни и локални улици. Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапил во контакт со општините Тетово, Гостивар и Желино, каде биле ангажирани фирми за зимско одржување и вршење посолување по приоритети. Во Гостивар, поради недоделен тендер, фирмата „Магнум Транс“ интервенирала доброволно за да се отстрани проблемот.

Од „Македонија пат“ информираат дека екипите од Тетово, Попова Шапка и Гостивар континуирано интервенираат на автопатите и регионалните патишта. Поради снежни врнежи, на правецот Лисец–Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема.

По 22:30 часот не се пријавени нови инциденти. ЦУК апелира до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината и задолжително да користат зимска опрема.

Related Posts

Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

Двајца повредени во вооружен напад во Арачиново: Пукано кон автомобил „Шкода“ со скопски таблички

23.08.2026

ОХРИЃАНЕЦ УАПСЕН: Бил агресивен кон член од семејството, па нападнал и полицајци

23.08.2026

Драма во Прибој: Македонец осомничен дека дошол како платен убиец за ликвидација

23.08.2026
ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

ВОЗНЕМИРИВАЧКО ВИДЕО: Намерно се залетал со автомобил во насобрани луѓе –  Тројца повредени, осомничениот во бегство

23.08.2026
(ВИДЕО) Ја намамиле преку TikTok па ја злоставувале: Тинејџери во Русија осомничени за сексуален напад врз 13-годишно девојче

(ВИДЕО) Ја намамиле преку TikTok па ја злоставувале: Тинејџери во Русија осомничени за сексуален напад врз 13-годишно девојче

22.08.2026

За една вечер санкционирани 262 возачи во Скопје, шестмина приведени

22.08.2026

Препорачани Вести

sonce

Австралија под топлотен бран додека Америка се бори со снежната бура

7 месеци ago
Прекин на струја во Шуто Оризари

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја 08.04.2026

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Битола инвестира во спортот и културата: Над 310 милиони денари за спортска инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • AfD сака Германија да го напушти еврото и Шенген: Вајдел најави големи промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Халанд со целосно нов изглед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Горивата поскапуваат, дизелот над 100 денари за литар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранска сајбер офанзива? Хакери успеале да исклучат електрана во Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.