недела, март 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Четири патишта како Европа може да се справи со американските амбиции во Гренланд

by Redakcija
08.01.2026
in Свет
grenland karta

Европа повеќе не го слуша Трамп со рамнодушна насмевка. Изјавите за преземање на Гренланд, кои со години се третираа како егзотична политичка провокација, денес во европските престолнини се читаат како сериозно предупредување. Во Брисел, Париз и Копенхаген се пали црвеното светло: сценариото што до вчера изгледаше незамисливо, сега влегува во доменот на реалната политика.

Според информации на „Политико“, европските влади се соочуваат со чувство на итност, па дури и паника. „Мораме да бидеме подготвени за директна конфронтација со Трамп“, признава дипломат на ЕУ, запознаен со внатрешните разговори. „Тој настапува агресивно – и овој пат не станува збор само за реторика“.

Сомнежите дополнително се засилија откако американскиот државен секретар Марко Рубио најави разговори со Данска за „аквизиција“ на Гренланд, а Белата куќа, иако формално зборува за преговори, јасно стави до знаење дека воената опција не е целосно исклучена. За Европа, тоа беше сигнал дека времето за игнорирање е завршено.

Во обид да се спречи ескалација, европската дипломатија се мобилизира. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро веќе разговарал со германски и полски колеги за координиран одговор. Пораката од Париз е јасна: Гренланд не е стока. „Не е ниту на продажба, ниту за освојување“, порача Баро, додавајќи дека Европа мора да научи како да ги одвраќа заканите кон сопствената безбедност.

Но зад затворени врати доминира чувството на немоќ. „Сите се запрепастени“, вели поранешен дански пратеник. „Никој не знае што навистина можеме да направиме ако САД решат да одат до крај. А време за чекање – немаме“.

Пред Европа се отвораат неколку сценарија, ниту едно без ризик.

Прво – компромис.
Американскиот претседател ја рамкира својата амбиција како прашање на национална безбедност, обвинувајќи ја Данска дека не го штити Арктикот од руско и кинеско присуство. Затоа, некои во НАТО сметаат дека решение „со зачувано достоинство“ би било најбрзиот излез: повеќе европски воени вежби, засилено присуство на Арктикот, па дури и нова „Арктичка гарда“ што би му дала на Трамп чувство на победа без формално преземање на островот.

Второ – капитални инвестиции на Гренланд.
Вашингтон отворено ја поддржува идејата за независен Гренланд, кој потоа би влегол во американска орбита. Затоа Брисел и Копенхаген сакаат да дејствуваат превентивно – со пари. Европската комисија планира драматично зголемување на инвестициите: повеќе од половина милијарда евра во седум години, плус дополнителни фондови. Целта е јасна – да им се покаже на Гренландците дека Европа може да понуди подобра иднина од американските ветувања. „Кај нас сиромаштијата е реалност, а ресурсите ни носат малку корист“, предупредува гренландскиот опозициски пратеник Куно Фенкер. Токму тука, сметаат во ЕУ, се крие клучот.

Трето – економски притисок врз САД.
ЕУ располага со моќно, но ризично оружје: Инструментот против принуда – трговска „базука“ создадена по првиот мандат на Трамп. Со извоз од над 600 милијарди евра кон САД, Европа има простор за контраудар. Прашањето е дали Унијата ќе има политичка храброст да го притисне копчето – и дали Трамп би поверувал дека овој пат заканите се сериозни.

Четврто – воена интервенција.
Најмрачната опција е и најмалку посакувана. Ако САД се решат за воена акција, Европа реално нема сила да ги сопре. Сепак, данскиот закон наложува вооружен отпор во случај на напад врз територијата. Некои дипломати предлагаат симболично европско воено присуство на Гренланд – не за победа, туку за одвраќање. „Луѓе физички на патот“, како што вели воениот експерт Томас Крозби, алудирајќи на Тјенанмен. Но цената може да биде висока: човечки животи во конфликт меѓу сојузници.

Related Posts

(ВИДЕО) Ирански дрон удри во „Бурџ ал Араб“ во Дубаи – Нема официјални податоци за жртви

28.02.2026
ВОНРЕДНО: Нетанјаху – Постојат индиции дека Ајатолахот Хамнеи е мртов –  Техеран сеуште молчи

ВОНРЕДНО: Нетанјаху – Постојат индиции дека Ајатолахот Хамнеи е мртов –  Техеран сеуште молчи

28.02.2026

Свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН по барање на Русија и Кина поради нападот врз Иран

28.02.2026

Ирански дрон удри во меѓународниот аеродромот во Кувајт

28.02.2026

ВИДЕО – Ирански дрон удри во облакодер во Бахреин

28.02.2026

СВЕТОТ ПРЕД ЕНЕРГЕТСКИ КОЛАПС: Иранската национална гарда го затвори Ормускиот теснец – стопирани нафтените бродови

28.02.2026

Препорачани Вести

Унгарија пред изборен пресврт: Орбан под притисок како никогаш досега

Унгарија пред изборен пресврт: Орбан под притисок како никогаш досега

4 недели ago

Прилеп повторно ќе има Градски дувачки оркестар, дебито за Прочка (ВИДЕО)

2 недели ago

Популарни Вести

  • Први март ден на емоции и нова енергија – Лавовите блескаат, сите знаци ја бараат својата радост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Временска прогноза: Сончево време со утринска магла и температури до 16 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ирански дрон удри во „Бурџ ал Араб“ во Дубаи – Нема официјални податоци за жртви

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Редок небесен спектакл вечерва: Шест планети ќе бидат видливи на небото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Протестите во Тирана ескалираа: Запалена поранешната вила на диктаторот Енвер Хоџа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.