четврток, март 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ го контаминираа правосудството со измени на Кривичниот законик

by Redakcija
08.01.2026
in Македонија
mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на телевизија Алфа остро го критикуваше правосудниот систем, нагласувајќи дека тој е делумно „контаминиран“ од поранешната власт на СДСМ и ДУИ. Според него, најголемиот проблем лежи во тоа што поединци од претходната влада можат да се повикуваат на поповолни закони, создавајќи така правна основа за своја амнестија.

„Генерално, во правосудството има чесни луѓе, но еден мал дел, кој е контаминиран, го нарушува целиот систем. Тоа се партиски послушници – рецидиви на поранешната власт – кои се борат да обезбедат бенефиции и позиции за своите покровители“, изјави Мицкоски.

Тој посочи два клучни моменти кои, според него, ја ослабиле правдата во земјава. Првиот е изборот на судии во парламентот во 1996 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Вториот е измената на Кривичниот законик од страна на владата на СДСМ и ДУИ непосредно пред да ја напушти власта. Мицкоски посочи дека особено значајно е бришењето на членот 353, што им овозможило на претходните власти да се амнестираат себеси.

„Првата причина беше да си обезбедат амнестија, а втората – да се обидат да амнестираат некого кој можеше да нанесе штета на најсилната опозициска партија тогаш, ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот дел успеаја, во вториот – не. Денеска ВМРО-ДПМНЕ е поголема од сите политички партии заедно“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека сите од поранешната влада секогаш ќе се повикуваат на „поповолниот“ закон, без оглед на идните законски измени. „Кога ќе дојдат на суд, ќе речат – се повикувам на законот кој важеше тогаш. И тука е најголемиот проблем“, заклучи Мицкоски.

Related Posts

Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува со нови сведочења

19.03.2026

ТАЈНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ДЕЛЧЕВ: Што навистина се случи на денешен ден 1903 година во Ангиста – егејска Македонија?

19.03.2026

Мицкоски од Брисел по повод 50 годишнината на ЕПП: Европската народна партија е двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста

19.03.2026

Времето прави пресврт: Дожд, снег и ветер на повидок – еве што нè очекува денес!

19.03.2026

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

18.03.2026
Советот на јавни обвинители едногласно го поддржа Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

18.03.2026

Препорачани Вести

140 денари за литар дизел: Во која европска држава дизелот моментално е најскап

21 час ago

(ВИДЕО) Објавена снимка од моментот кога е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Златото во слободен пад: Цената нагло се намали за само 24 часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува со нови сведочења

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Брисел по повод 50 годишнината на ЕПП: Европската народна партија е двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) УДАР ВРЗ СВЕТСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Иран ја погоди најголемата LNG фабрика во Катар – цената на нафтата скокна на 112 долари за барел, пожари, штета и паника на пазарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТАЈНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ДЕЛЧЕВ: Што навистина се случи на денешен ден 1903 година во Ангиста – егејска Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.