понеделник, февруари 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Тетово меѓу градовите со најмногу случаи на грип во земјава

by Redakcija
08.01.2026
in Република

Во првата недела од 2026 година, во земјава се регистрирани вкупно 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 2,2 пати во однос на претходната недела, информираше директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје, Тетово и Куманово. Според податоците на ИЈЗ, најголем број заболени се лица на возраст од 15 до 64 години (749), следени од деца на возраст од 5 до 14 години (618), деца до 4 години (229) и лица над 65 години (129).

Андоновска истакна дека е важно граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки за да се намали ширењето на вирусот. Таа препорача избегнување на масовни собири и престој во затворени простории со голема концентрација на луѓе, редовно миење на рацете, проветрување на просториите, како и внес на доволно течности и лесна исхрана.

Лицата со симптоми на грип се повикани да останат дома и да се консултираат со матичен лекар, додека родителите се советувани да не ги упатуваат децата со симптоми во училиште или градинка.

Директорката на ИЈЗ најави дека пикот на сезонскиот грип се очекува по завршувањето на зимскиот распуст и со почетокот на второто полугодие во училиштата.

Related Posts

Планирани прекини на струја утре во тетовско

23.02.2026

Завршница на топлинската мрежа во Битола – во тек последните интервенции на „Партизанска“

23.02.2026

Повторно во функција ски-центарот „Копанки“ – од утре достапна горната патека

23.02.2026

Важно известување од Општина Тетово за неисправните возила

23.02.2026

Тоневски: Современа спортска сала за учениците во Пробиштип

23.02.2026

Проданоски: Прилеп го живее духот на традицијата – 25 години Карневал „Прочка“ и 100 години „Прилепски мечкари“

22.02.2026

Препорачани Вести

Кандидатката за државен Јавен обвинител најавува отворање на „Бонусите на СЈО“

1 недела ago
Мицкоски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање

Мицкоски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање

3 недели ago

Популарни Вести

  • Тетовка измамена за 3.000 евра за лажна работна виза за Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Планирани прекини на струја утре во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Артан Груби со лисици по 6 часа распит излезе од Обвинителство – Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен 16-годишник на Илинденска во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.