вторник, јуни 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Забрана за камиони поради снег на патот Струга – Ќафасан

by Redakcija
08.01.2026
in Македонија
avtopat

Снежните врнежи што ја зафатија западна Македонија утрово донесоа и први ограничувања во сообраќајот. Од 05:15 часот е воведена целосна забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Дополнителни проблеми се очекуваат и на јужната граница. Поради најавени протести на грчките земјоделци, од денеска (8 јануари) во 10:00 часот, на граничниот премин Ники, односно Меџитлија, ќе биде забранет сообраќајот за товарни возила во наредните 48 часа. Ограничувањето ќе важи до 10 јануари во 10:00 часот, додека патничките возила ќе можат непречено да сообраќаат.

Во меѓувреме, сообраќајот на државните патишта се одвива во типични зимски услови, по претежно влажни коловози. Снег со повремен и променлив интензитет паѓа во Куманово, Страцин, Крушево и Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Засега, овие врнежи не создаваат сериозни пречки за одвивање на сообраќајот.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да бидат особено внимателни, да ја приспособат брзината кон условите на патот и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебно внимание се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Како критични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Related Posts

Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост

02.06.2026
Мицкоски во Виена ја повикува дијаспората да се врати во Македонија (ВИДЕО)

Мицкоски: Без јасни гаранции нема поддршка за уставни измени

02.06.2026
Антонио Кошта во официјална посета на Македонија, ќе оствари средба со Мицкоски

Антонио Кошта во официјална посета на Македонија, ќе оствари средба со Мицкоски

02.06.2026

Попладнево поројни врнежи, грмежи и силен ветер

02.06.2026

Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

01.06.2026
Пороен дожд, грмежи и силен ветер во Струмица и Куманово: Нестабилното време се движи кон југот на државата

ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Македонија под удар на пороен дожд, грмежи и силен ветер!

01.06.2026

Препорачани Вести

ПлусИнфо: Рочиште без сведоци –  Процесот за „Пулс“ влегува во сериозна криза и ја губи насоката

1 месец ago
Централните општини во Скопје доминираат со високи цени на станови

Централните општини во Скопје доминираат со високи цени на станови

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити: Односите со Швајцарија се одлични и стратешки значајни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финансиска полиција приведе четири лица во истрага за тендер во Царина, меѓу нив и Стефан Богоев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривични за инвеститор и инспекторка – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција на Финансиската полиција: Претреси и приведувања на повеќе локации низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.