сабота, февруари 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Градоначалничките избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се повторуваат – гласањето започнува утре за болните и затворениците

by Redakcija
09.01.2026
in Македонија
glasanje

Повторените избори за градоначалници во четирите општини – Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – се одржуваат в недела, на 11 јануари. Изборната кампања завршува денеска на полноќ, по што ќе следи изборен молк што ќе трае до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот.

Според Државната изборна комисија (ДИК), денеска се дистрибуираат гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација до Општинските изборни комисии, од каде Избирачките одбори ќе ги подигнат за утрешното гласање на лица со посебни потреби и затвореници.

Утре, сабота, право на глас ќе имаат болните и изнемоштените граѓани, како и лицата во затворите кои се запишани во Избирачките списоци на овие општини. Најмногу пријавени за овој вид гласање има во Гостивар – 146, следува Маврово Ростуше со 69, Врапчиште со 32, а во Центар Жупа само двајца гласачи ќе го искористат ова право.

Во Гостивар се запишани вкупно 82.870 граѓани со право на глас, од кои 78.185 се постојани жители на општината, а 4.604 се запишани во посебниот список за гласачи кои живеат во странство. Во затвор или притвор се 81 лице.

Маврово Ростуше брои 10.575 гласачи – 9.622 во редовниот список за жителите на општината, 951 во странство и двајца во затвор.

Во Врапчиште бројката на запишани гласачи е 27.279, од кои 26.318 се жители на општината, 950 живеат во странство, а 11 се во затвор.

Центар Жупа е најмалата општина по број на гласачи – 7.562, од кои 6.305 се жители на општината, а 1.257 живеат во странство.

Што се однесува до кандидатите за градоначалници, во Гостивар се борат Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“ и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште, изборот е помеѓу Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од Група избирачи. Центар Жупа има еден кандидат – Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, додека во Маврово Ростуше за градоначалник се натпреваруваат Онер Јакупоски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ.

За разлика од редовните локални избори, на повторените избори не е потребна минимална излезност од една третина од гласачите. Законски, за да се избере градоначалник, доволно е еден од кандидатите да освои повеќе од половина од гласовите на излезените граѓани, што важи и за Центар Жупа каде има само еден кандидат.

Причината за повторувањето на изборите е недоволната излезност во првиот круг на локалните избори во октомври 2025. Тогаш, законот бараше најмалку 33,33 проценти од гласачите да се појават на избирачките места, што не беше исполнето. Во Гостивар излезноста беше 33,31%, во Врапчиште 25,18%, во Маврово и Ростуше 30,31%, а во Центар Жупа само 21,49%.

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега

21.02.2026

Мицкоски: Македонија заслужува место во Европа

21.02.2026
Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

Проданоски: 12 милиони денари за спорт и нов Младински центар во Прилеп во 2026 година

21.02.2026

Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

21.02.2026

АХВ уништи над еден тон небезбедна „здрава храна“, казни во висина од над 20 илјади евра

21.02.2026

Хоџа во Сарај: Почна изградба на водовод и канализација вредна 85 милиони денари

20.02.2026

Препорачани Вести

Фабрика во Скопје опколена од специјалци

2 недели ago
zima

Променливо облачно со нови снежни врнежи

1 месец ago

Популарни Вести

  • Германија и Италија со резерва на „Made in Europe“ визијата на Макрон

    Макрон за американските царини: Европа ќе реагира внимателно и ќе бара фер правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Мастер планот на Чаир се реализира на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скали преполни: Прилепската публика го гледа фудбалот и надвор од стадионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фицо ја закочи Украина: Словачка може да го прекине снабдувањето со струја ако не се обнови транзитот на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Sony размислува за подолг животен век на PS5 пред лансирањето на PS6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.