четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Законот за заштита од пушење во вторник на владина седница

by Redakcija
19.03.2026
in Македонија

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниту една отворена точка која не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна гледна точка и од економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект и со задоволство може да кажам дека сите отворени прашања се затворени, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Посочи дека нема прашање кое не е третирано, а е поврзано со законот.

„Ценам дека многу брзо нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот. Се надевам дека за две три години ќе имаме прес-конференција за намалување на бројот на пушачи во државата од над 45 проценти, да се надеваме таргетот да се стави под 20 проценти, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која беа презентирани податоци од глобалниот извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.

Направивме, појасни министерот, научна анализа како може и кои се минималните и максималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор во кој не се дозволува пушење.

„Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите може да бидат места каде може да се пуши. Само во Скопје има над седум илјади угостители кои имаат тераси. Во Скопје голем број угостителски објекти се со таква инфраструктура што невозможно е да имаат три отворени страни. Затоа ставивме во законот да може и покривот да биде отворен, бидејќи се докажа дека со третирање и на покривот како една од страните која може да биде отворена воздухот се чисти за неколку секунди. Еден од најголемите инфраструктурни зафати кои треба да ги имаат сите угостители според закон, е што ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект кој е одвоен од просторот каде што се пуши. Идејата е да се заштитат граѓаните кои не пушат, а да се одреди место каде може да се пуши, додаде Алиу. 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

28.10.2026

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Муцунски во Вашингтон: На покана од Рубио учествува на министерска конференција

3 месеци ago
Иранските напади може да предизвикаат воен одговор од Саудиска Арабија

Иранските напади може да предизвикаат воен одговор од Саудиска Арабија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.