сабота, март 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Самсунг (Samsung) ја реосмислува иднината на дизајнот на “CES 2026“, водејќи ја технологијата за човештвото

by Redakcija
09.01.2026
in Технологија

Завршната сесија од серијалот “Tech Forum CES 2026“ на Самсунг (Samsung) ја истакна човечката страна на технологијата со водечки дизајнери

Скопје, 9 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја одржа завршната сесија од својата серија “Tech Forum CES 2026“, со наслов „Човечката страна на технологијата: Дизајнирање на иднина вредна за живеење“ (орг. “The Human Side of Tech: Designing a Future Worth Living“), во просторот на “Прв Поглед“ (“The First Look“) на “Самсунг“ (“Samsung“) во “Wynn Las Vegas“. На панелот, модериран од Деби Милмен (Debbie Millman), водителка на „Design Matters“, учествуваа Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини (Mauro Porcini), како и водечките дизајнери од индустријата Карим Рашид (Karim Rashid) и Фабио Новембре (Fabio Novembre).

Со минимализмот што ја дефинираше визуелната јазична рамка на технолошката индустрија во изминатите две децении, овој панел на дизајнери, организиран од “Samsung“, го отвори прашањето: “Што следува понатаму?“. Заедно, панелистите истражуваа како потопла, поекспресивна и емоционално порезонантна технологија може да обликува значајни искуства во денешната ера на вештачката интелигенција, истовремено трасирајќи пат напред за индустријата.

Дизајнот како чин на љубов

Сесијата опфати заеднички поглед на целта на дизајнот како суштински насочен кон луѓето.

„Во последните години, дизајнот во технологијата стана донекаде унифициран,“ изјави модераторката Деби Милмен. „Во споредба со другите индустрии, униформноста во светот на технологијата е аномалија. Што ако ја прошириме технологијата подалеку од спецификациите и функционалноста?“

“Samsung“ во моментов се занимава со ова прашање, внесувајќи значење пошироко од самите производи, со фокус на тоа како технологијата се вклопува во животите, искуствата и потребите на луѓето. Панелистите дискутираа за сè поголемата важност на овој начин на размислување во актуелниот пејзаж, во кој традиционалните бариери за влез, како пристапот до алатки, обемот и техничките способности, продолжуваат да се намалуваат.

Човечката страна на технологијата

Дискусијата ја истакна улогата на технологијата во тоа намерите, грижата и човечноста да станат видливи во секојдневниот живот. Панелистите коментираа дека технологијата треба да им помогне на луѓето да ја препознаат промисленоста вградена во производите што ги внесуваат во своите домови и рутини.

Во овој контекст, Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини, ја сподели целта на дизајнот на “Samsung“: збогатување на квалитетот на животот на луѓето преку значајна технологија, дизајнирана за човештвото. Тој ја истакна посветеноста на компанијата да им помогне на луѓето да живеат подолго, подобро, погласно и да остават трага, преку напредни технологии што поддржуваат благосостојба, креативност и самоизразување.

Панелистот Карим Рашид се надоврза на ова, велејќи: „Кога размислуваме за физичките предмети во нашиот свет, не размислуваме само за разновидноста на изборот, туку и за фактот дека можеме да развиеме силни врски со објектите. Преку дизајнот, можете да создадете многу силна, емоционална врска со неживи објекти, па дури и со производи.“.

Дизајнирање водено од човечки вредности

Панелот продолжи да истражува како вештачката интелигенција може да отвори нови можности за изразување кога е обликувана од човечки вредности. Панелистите споделија став дека “AI“ го достигнува својот вистински потенцијал кога е водена од Емоционална интелигенција и Човечка имагинација, не како замена за човечката креативност, туку како сила што ја проширува.

Главниот Директор за Дизајн Порчини го артикулираше ова преку концептот „AI × (EI + HI)“ (Вештачка Интелигенција * (Емоционална Интелигенција + Човечка Имагинација)) – неговиот пристап за балансирање на Емоционалната интелигенција и Човечката имагинација со цел да се внесе значење во иновациите. Објаснувајќи ја оваа филозофија, тој изјави: „Кога дизајнираме и развиваме, вештачката интелигенција се засилува преку емоционалната интелигенција и човечката имагинација. Потоа, кога луѓето ги користат производите, вештачката интелигенција ја засилува емоционалната интелигенција и човечката имагинација.“ Тој додаде: „Не плашете се од технологијата. Ние сме тука за да ја хуманизираме, да ја водиме и да ја обликуваме.“

Преку овие сознанија, сесијата го зацврсти уверувањето дека технологијата треба да биде хуманизирана, водена и обликувана за да им служи на животите на луѓето на сè понови и позначајни начини.

Експресивниот дизајн создава позначајни искуства

Дискусијата ја нагласи важноста на експресивниот дизајн во оживувањето на целта насочена кон човекот, создавајќи искуства што ја одразуваат емоцијата, го поддржуваат самоизразувањето, поттикнуваат поврзување и ја стимулираат имагинацијата.

„Среќата е целта на дизајнот,“ рече Фабио Новембре. „Нашата потрага по среќа е преку дизајнот, преку правење на невозможното – возможно. Цврсто верувам во дизајнот и дека тој мора повторно да се врати во центарот на вниманието.“

Панелистите истакнаа дека ова претставува поместување од едноставно дизајнирање објекти кон дизајнирање искуства, каде што емоцијата, значењето и идентитетот сè повеќе стануваат составен дел од начинот на кој луѓето се поврзуваат со технологијата. Овој пристап инспирира нов вид изразување, резултирајќи со дизајни што се движат од суптилни и минималистички до смели и имагинативни — сите со цел да се обликува иднина што не е само вредна за живеење, туку и вредна за љубов.

Related Posts

E-SIM, дигитални плаќања и нови безбедносни опции на Viber

E-SIM, дигитални плаќања и нови безбедносни опции на Viber

27.03.2026
ЕУ отвора истрага против Snapchat за заштита на децата и тинејџерите

ЕУ отвора истрага против Snapchat за заштита на децата и тинејџерите

27.03.2026
Android TV, Samsung и Amazon под лупа: Европските медиумски групи повикуваат на регулација

Android TV, Samsung и Amazon под лупа: Европските медиумски групи повикуваат на регулација

27.03.2026
YouTube тестира AI што ве води директно до најинтересните моменти во видеата

YouTube тестира AI што ве води директно до најинтересните моменти во видеата

25.03.2026
Atlas, ChatGPT и Codex се спојуваат во интегрирана апликација – OpenAI се подготвува за унифицирана AI платформа

Atlas, ChatGPT и Codex се спојуваат во интегрирана апликација – OpenAI се подготвува за унифицирана AI платформа

24.03.2026

Јапонската идеја за соларен прстен околу Месечината – што е и дали е реална?

21.03.2026

Препорачани Вести

Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

2 месеци ago
gasovod

ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Рубио: Ормутскиот теснец останува критичен, но целите во Иран се блиску до завршување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Ветата на Грција и Бугарија кон Македонија се „европска срамота“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово со часови се без вода – ЈКП „Шар” работи на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Општина Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Европа мора да гради енергетска независност и стабилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.