вторник, април 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Самсунг (Samsung) ја реосмислува иднината на дизајнот на “CES 2026“, водејќи ја технологијата за човештвото

by Redakcija
09.01.2026
in Технологија

Завршната сесија од серијалот “Tech Forum CES 2026“ на Самсунг (Samsung) ја истакна човечката страна на технологијата со водечки дизајнери

Скопје, 9 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја одржа завршната сесија од својата серија “Tech Forum CES 2026“, со наслов „Човечката страна на технологијата: Дизајнирање на иднина вредна за живеење“ (орг. “The Human Side of Tech: Designing a Future Worth Living“), во просторот на “Прв Поглед“ (“The First Look“) на “Самсунг“ (“Samsung“) во “Wynn Las Vegas“. На панелот, модериран од Деби Милмен (Debbie Millman), водителка на „Design Matters“, учествуваа Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини (Mauro Porcini), како и водечките дизајнери од индустријата Карим Рашид (Karim Rashid) и Фабио Новембре (Fabio Novembre).

Со минимализмот што ја дефинираше визуелната јазична рамка на технолошката индустрија во изминатите две децении, овој панел на дизајнери, организиран од “Samsung“, го отвори прашањето: “Што следува понатаму?“. Заедно, панелистите истражуваа како потопла, поекспресивна и емоционално порезонантна технологија може да обликува значајни искуства во денешната ера на вештачката интелигенција, истовремено трасирајќи пат напред за индустријата.

Дизајнот како чин на љубов

Сесијата опфати заеднички поглед на целта на дизајнот како суштински насочен кон луѓето.

„Во последните години, дизајнот во технологијата стана донекаде унифициран,“ изјави модераторката Деби Милмен. „Во споредба со другите индустрии, униформноста во светот на технологијата е аномалија. Што ако ја прошириме технологијата подалеку од спецификациите и функционалноста?“

“Samsung“ во моментов се занимава со ова прашање, внесувајќи значење пошироко од самите производи, со фокус на тоа како технологијата се вклопува во животите, искуствата и потребите на луѓето. Панелистите дискутираа за сè поголемата важност на овој начин на размислување во актуелниот пејзаж, во кој традиционалните бариери за влез, како пристапот до алатки, обемот и техничките способности, продолжуваат да се намалуваат.

Човечката страна на технологијата

Дискусијата ја истакна улогата на технологијата во тоа намерите, грижата и човечноста да станат видливи во секојдневниот живот. Панелистите коментираа дека технологијата треба да им помогне на луѓето да ја препознаат промисленоста вградена во производите што ги внесуваат во своите домови и рутини.

Во овој контекст, Главниот Директор за дизајн на “Samsung“, Мауро Порчини, ја сподели целта на дизајнот на “Samsung“: збогатување на квалитетот на животот на луѓето преку значајна технологија, дизајнирана за човештвото. Тој ја истакна посветеноста на компанијата да им помогне на луѓето да живеат подолго, подобро, погласно и да остават трага, преку напредни технологии што поддржуваат благосостојба, креативност и самоизразување.

Панелистот Карим Рашид се надоврза на ова, велејќи: „Кога размислуваме за физичките предмети во нашиот свет, не размислуваме само за разновидноста на изборот, туку и за фактот дека можеме да развиеме силни врски со објектите. Преку дизајнот, можете да создадете многу силна, емоционална врска со неживи објекти, па дури и со производи.“.

Дизајнирање водено од човечки вредности

Панелот продолжи да истражува како вештачката интелигенција може да отвори нови можности за изразување кога е обликувана од човечки вредности. Панелистите споделија став дека “AI“ го достигнува својот вистински потенцијал кога е водена од Емоционална интелигенција и Човечка имагинација, не како замена за човечката креативност, туку како сила што ја проширува.

Главниот Директор за Дизајн Порчини го артикулираше ова преку концептот „AI × (EI + HI)“ (Вештачка Интелигенција * (Емоционална Интелигенција + Човечка Имагинација)) – неговиот пристап за балансирање на Емоционалната интелигенција и Човечката имагинација со цел да се внесе значење во иновациите. Објаснувајќи ја оваа филозофија, тој изјави: „Кога дизајнираме и развиваме, вештачката интелигенција се засилува преку емоционалната интелигенција и човечката имагинација. Потоа, кога луѓето ги користат производите, вештачката интелигенција ја засилува емоционалната интелигенција и човечката имагинација.“ Тој додаде: „Не плашете се од технологијата. Ние сме тука за да ја хуманизираме, да ја водиме и да ја обликуваме.“

Преку овие сознанија, сесијата го зацврсти уверувањето дека технологијата треба да биде хуманизирана, водена и обликувана за да им служи на животите на луѓето на сè понови и позначајни начини.

Експресивниот дизајн создава позначајни искуства

Дискусијата ја нагласи важноста на експресивниот дизајн во оживувањето на целта насочена кон човекот, создавајќи искуства што ја одразуваат емоцијата, го поддржуваат самоизразувањето, поттикнуваат поврзување и ја стимулираат имагинацијата.

„Среќата е целта на дизајнот,“ рече Фабио Новембре. „Нашата потрага по среќа е преку дизајнот, преку правење на невозможното – возможно. Цврсто верувам во дизајнот и дека тој мора повторно да се врати во центарот на вниманието.“

Панелистите истакнаа дека ова претставува поместување од едноставно дизајнирање објекти кон дизајнирање искуства, каде што емоцијата, значењето и идентитетот сè повеќе стануваат составен дел од начинот на кој луѓето се поврзуваат со технологијата. Овој пристап инспирира нов вид изразување, резултирајќи со дизајни што се движат од суптилни и минималистички до смели и имагинативни — сите со цел да се обликува иднина што не е само вредна за живеење, туку и вредна за љубов.

Related Posts

(ВИДЕО) Роботи против луѓе: Пекинг организира историски полумаратон што ја менува иднината

19.04.2026

Роботски кучиња ја чуваат пченката: Хаваи воведува футуристичка технологија во земјоделството

19.04.2026
Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

Роботите веќе работат наместо луѓе: Кинеска компанија ја менува индустријата

16.04.2026
Instagram воведува построги ограничувања за тинејџери на глобално ниво

Instagram воведува построги ограничувања за тинејџери на глобално ниво

14.04.2026
Предупредување за корисниците на Apple: „Секој мора да знае за оваа опасна измама“

Предупредување за корисниците на Apple: „Секој мора да знае за оваа опасна измама“

14.04.2026
Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

Малку позната функција во Windows: Како со еден потег да го исчистите екранот

14.04.2026

Препорачани Вести

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

Случај на малтретирање во Идризово заврши со признавање на повреда од страна на државата пред Судот во Стразбур

2 месеци ago

Хавана прими 32 кубански војници загинати за време на американската операција во Венецуела

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Формула 1 воведе девет радикални промени по откажаните трки

    Формула 1 воведе девет радикални промени по откажаните трки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов бран закани за бомби во училиштата во Загреб утрово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ребаланс на буџетот неизбежен: Економистите прогнозираат инфлација од 3,6%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред да стартуваш со тргување: 4 работи што секој инвеститор мора да ги знае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крипто-пиратерија во Персискиот Залив: Измамници бараат плаќање во криптовалути за премин преку Ормутскиот теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.