четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Прв случај на фемициден сериски убиец во Македонија: Трајко Бојковски осомничен за убиство на четири жени и обид за убиство на две

by admin
14.05.2026
in Црна Хроника

Кумановското обвинителство досега обезбедило докази дека 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане убил четири жени и се обидел да убие уште две, во случај што обвинителите го опишуваат како прв сериски убиец во Македонија кај кого постојат елементи на фемицид и родово базирано насилство.


Според истрагата, Бојковски делата ги извршувал во периодот од јануари 2025 година до февруари 2026 година, кога бил откриен. Жртвите биле претежно повозрасни жени, освен една која имала 35 години.
Обвинителството информира дека психијатриското вештачење покажало оти осомничениот е пресметлив и способен да одговара за делата што ги сторил.


Според обвинителите, мотивот за злосторствата била омраза кон жените, а делата биле извршувани подмолно, од користољубие и со ниски побуди. Осомничениот добро го познавал теренот, ги следел жртвите, а потоа ги напаѓал.
„Колку што ми е мене познато, се работи за прв случај за кој од доказите произлегува дека се работи за сериски убиец кој сторил и кривично дело фемицид при вршење на родово базирано насилство. Истрагата ќе продолжи“, изјави обвинителот Љубомир Лапе.


Истрагата добила пресврт во февруари годинава, кога била пронајдена последната жртва полугола во својот дом. По тој случај, обвинителството почнало повторно да ги отвора и анализира претходните смртни случаи кои биле затворени како природна смрт.
Во рамки на истрагата биле ексхумирани три жени за кои постоеле сомнежи дека се жртви на убиства, а обдукциите потврдиле две убиства.
Во меѓувреме, полицијата поднесе кривични пријави против двајца лекари од кумановската болница, кои како мртвопроценители утврдиле природна смрт кај дел од жртвите, поради што тие биле погребани без да биде извршена обдукција.


Од истрагата засега нема сомнежи за полициските службеници кои учествувале во увидите.
Обвинителството не ја проширило истрагата ниту кон членови на семејството на осомничениот, иако во јавноста постоеле сомнежи и шпекулации насочени кон неговата мајка и очув.
Според информации што претходно беа објавени во медиумите, Бојковски уште како средношколец бил пријавуван во Центарот за социјални работи поради проблематично однесување, но не биле преземени конкретни мерки.

Жителите на Старо Нагоричане го опишувале како повлечено момче кое ретко комуницирало со луѓето, возело велосипед и чувало овци.


Обвинителството очекува обвинението против него да биде поднесено во рок од околу еден месец.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

22.10.2026

Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

22.10.2026

Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

22.10.2026

Кредити на туѓо име – Паднаа пет банкари за штета од над 12 милиони денари

22.10.2026

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО: Охрид се претвори во снежна бајка

9 месеци ago

Австрија отвора врати за работници од Балканот: Се бараат луѓе што зборуваат српски, хрватски или босански

3 недели ago

Популарни Вести

  • Велешаните Тахов и Миров извозеа на велосипед 2.700 км околу Јадран за 27 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четворица го претепале 21-годишен скопјанец кај Бит-пазар по недоразбирање во сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тротинет удрил 71-годишна жена во Скопје, возачот избегал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Македонец за измама со најновиот iPhone вреден речиси 4.000 евра!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возбудата почнува со гребење: „Титаниум“ нуди автомобили и парични награди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.