вторник, јуни 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ЛДП: На Македонија не ѝ треба техничка влада, туку ефикасен систем

by Redakcija
10.01.2026
in Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја истакнува потребата лидерските средби да се фокусираат на суштински реформи, наместо на дебати за укинување или задржување на техничката влада. Според партијата, само такви состаноци можат да донесат конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните.

„Ние сме подготвени да учествуваме на лидерска средба, но не ако темата е само техничката влада, без одговори на клучните прашања кои го засегаат секојдневието на граѓаните. Дали ќе се намали цената на животот? Дали ќе добиеме почист воздух, повеќе средства од ЕУ или ќе се реши корупцијата? Ако не, тогаш темата е празна“, порачуваат од ЛДП.

Партијата го критикува и бавното спроведување на реформската агенда, истакнувајќи дека граѓаните се уморни од делумни изјави и ад-хок решенија кои не водат кон системски промени.

Моника Зајкова и нејзиниот тим предлагаат значително намалување на бројот на функционери: Македонија, според нив, не ѝ требаат 120 пратеници, туку 90, ниту 25 министерства, туку 15. Исто така, ЛДП бара намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори и заменици директори, со цел повеќе средства да останат во џебот на граѓаните.

„На Македонија не ѝ е потребна техничка влада, туку ефикасен, рационален и деполитизиран систем со една изборна единица, отворени листи и можност граѓаните сами да избираат кој ќе ги претставува“, се наведува во партиското соопштение.

ЛДП потенцира дека разговорите имаат смисла само ако се водат за вистински и суштински реформи, а сè друго би било губење време на сметка на граѓаните.

Related Posts

Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила

30.06.2026
Влажни коловози и зимски услови – АМСМ апелира за внимателно возење

Од 1 јули нови ограничувања на патиштата – еве што треба да знаат возачите

30.06.2026

ВЛЕН: Ахмети 24 години беше на власт, а Зајас остана без канализација

30.06.2026

ВЛЕН: Казината подалеку од нашите деца!

29.06.2026

Македонски пилот ангажиран во меѓународна операција за авио-асистенција во Турција

29.06.2026

Собранието усвои нов Закон за игрите на среќа: Построги правила, поголем надзор и ограничувања за рекламирање

29.06.2026

Препорачани Вести

Забранет пристап околу стрелиштето „Бејбунар“: СВР Охрид утре ќе реализира вежба со боева муниција

1 месец ago

Родителите на судијата Ристов тврдат дека пронајдените 350.000 евра се нивни

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Водовод Битола“: Прекин на водоснабдување во с. Кравари поради технички зафат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Го отворивме Центарот за дневен престој за активно стареење, место за грижа, поддршка и достоинствен живот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна професорка во Штип: Побарала 300 евра за студент да положи испит

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонска туристка казнета во Грција: Македонска туристка остана без возачка поради оваа грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.