сабота, мај 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Филмот „Приказната за Силјан“ ќе се прикажува во кино Мис Стон во Прилеп во петок и сабота

by Simovski
15.01.2026
in Магазин
prikaznata za siljan

Овој петок и сабота (23 и 24 јануари), со почеток во 19:00 часот, киното Мис Стон ќе биде домаќин на премиерата на филмот „Приказната за Силјан“. Влезниците можат да се набават на билетарницата на киното, секој работен ден од 10 до 12 часот, како и еден час пред почетокот на проекцијата.

Овој документарен филм, откупен од National Geographic, носи интимен и медитативен приказ за издржливоста на човекот, моќта на грижата и значењето на малите, но суштински дела кои можат да го променат животот. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола се соочува со предизвиците на новите државни политики, но неговиот живот добива нова насока кога на депонија го наоѓа ранет бел штрк. Нежниот, внимателно граден однос помеѓу човекот и птицата се претвора во спасоносна врска која го обновува чувството на заедништво, буди старите преданија и поттикнува почит кон природата.

Филмот е дело на Тамара Котевска, позната по светскиот хит Honeyland, а визуелниот свет го оживува кинематографот Жан Дакар. Продукцијата е поддржана од Ciconia Film, Concordia Studios и The Cornershop, со продукциски тим кој го сочинуваат Тамара Котевска, Жан Дакар, Анна Хашми и Јорданцо Петковски. Монтажата е дело на Мартин Иванов, а тонската обработка ја потпишува Александар Протиќ / MIR MEDIA. Колор корекцијата е реализирана од GHABHA Studios, додека музиката од Joe Wilson Davies и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio) создава магична атмосфера.

Консултантите за наратив – Верица Недеска, Трифун Ситниковски и Суз Кортиз – помогнале да се извлече суштината на приказната, а пред камерата стојат протагонистите Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов и Иле Стојковски.

Related Posts

Зошто облеката понекогаш мириса непријатно по перење: најчести грешки и решенија

22.05.2026
Извор: Инстаграм @minea.official

Минеа: По сообраќајната несреќа следуваа две тешки години борба

22.05.2026
Краток инцидент со солзавец го прекина концертот на Рики Мартин во Подгорица

Краток инцидент со солзавец го прекина концертот на Рики Мартин во Подгорица

22.05.2026
Првото азиско издание на „Евровизија“: 10 земји учеснички потврдени, стартува во ноември на Тајланд

Македонија ќе има претставник на Евровизија следната година

21.05.2026

Нова адреса покрај езеро: Ohrid Wine Festival Vol. 5 од 25 до 27 јуни

21.05.2026
Овој остров се продава за 247.000 евра: Некогашната вредност му беше 8 милиони евра

Овој остров се продава за 247.000 евра: Некогашната вредност му беше 8 милиони евра

21.05.2026

Препорачани Вести

Убав почеток на неделата: Температури до 25°C

3 недели ago

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

1 месец ago

Популарни Вести

  • ОЈО излезе со детали за трагедијата – еве како возачот на камионот ја предизвикал ужасната сообраќајка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЧЛЕН 300 СТАВ 2: Еве колку години затвор му се закануваат на возачот кој ја предизвика трагедијата на скопската обиколница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец – Прилеп: Поставено заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејно насилство во Тетово: Син ја нападнал мајка си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави избори во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.